Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефановски како „стрела“ во Имола: Со триумфот ми се оствари сонот

1
By Нова ТВ on October 2, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот автомобилист победи во првата трка на асфалтот на легендарната италијанска патека, последна во ЕТЦЦ календарот за оваа сезона

Победи во првата трка, не заврши во втората. Иако со дијаметрално спротивен ефект, сепак, македонскиот автомобилист Игор Стефановскки-Иџе не криеше задоволство по настапите на легендарната патека во Имола (долга речиси пет километри), последна станица во европскиот ЕТЦЦ шампионат за оваа сезона.

„Ја забележав првата победа во кариерата во ЕТЦЦ шампионатот. Триумфот дојде како последица на добриот автомобил што го имам на располагање и новиот тим на Леин Рејсинг зад себе. Секако дека сум презадоволен. Успех на оваа патека е остварување на сон“, почна Стефановски со сумирање на впечатоците по викендот на италијанскиот асфалт.

Резултатот што го забележа и му донесе највисоко место на подиумот (стартуваше од вториот ред) беше убедливо најдобар во однос на конкурентите. Единаесетте круга на автодромот „Енцо Фино Ферари“ ги мина за 21:04,586 минути или за пет секунди подобро од Крис Ричард од Чешка и Финецот Аку Пелинен на втората, односно, третата позиција. Зад неговото име стои и времето на најбрзо извозен круг (1:54,422 минути) со просечна брзина од 154,4 км./ч.

Судар во втората трка го исфрли од игра 

14528275_1765242577072604_514853338_n

 

Второто излегување на патеката на Стефановски заврши неславно за него.Тргна од четвртиот ред меѓутоа колизија со Швајцарецот Клудио Труфер значеше „Еден од возачите во втората трка се удри во мене. Во првиот момент не бев свесен што се случи. Глупава туѓа грешка, за жал, значеше предвремен крај на трката за мене. Автомобилот е доста оштетен, но најважно е што јас сум добар“, истакна Стефановски кој сезоната ја завршува на 10 место со 14 бода колку што собра и Французинот Пјер-Етјен Шамо.

Шампионатот во ЕТЦЦ опфаќа шест трки. Сезоната почна на патеката „Пол Рикар“ во близина на Марсеј, Франција, заврши во Имола, Италија. Во меѓувреме се возеше и на „Словачка ринг“ на 40 километри од Братислава, на Нирнбургринг во Германија, на „Вила Реал“ во Португалија и познатата француска „Мањикур“ која од 1991 година до 2008 година беше и во календарот на Формула 1 натпреварите.

Игор Стефановски-Иџе Имола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.