Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефоска: Инвестиции во центрите за култура и план за одржување на културата во лето

0
By Нова ТВ on March 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Ирена Стефоска денеска одржа онлајн работен состанок со директорите на центрите за култура, на кој стана збор за активностите на овие институции од областа на културата, но и за инвестициите кои, со поддршка од Министерството за култура ќе се реализираат до крајот на годинава.

На средбата, директорите на центрите за култура ја информираа министерката за својата работа во услови на светска пандемија, како и за реализацијата на проектите со почитување на сите протоколи. На средбата се разговараше за реално планирање на програмските содржини во ковид услови особено во летниот период кога се нудат пооптимални услови за реализација на програмите на отворени, алтернативни простори.

Беше посочено дека институциите се соочуваат со проблеми од инвестициски карактер, недостиг и застарена опрема, како и недостиг од технички и административен стручен кадар.

На средбата се разговараше и за проектите што се поддржани во програмата за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на инвестициско и тековно одржување на објектите и опремата во државна сопственост од областа на културата за 2021 година. Беше посочено дека со овие проекти, ќе се подобрат условите за функцинирање на центрите за култура.

Беше истакнато дека во Годишната програма за инвестиции за 2021 година се издвоени средства за изведба на реконструкција на центрите за култура во Куманово (зградата на театарот) и во Гостивар, а во Центарот за култура во Кочани продолжува реконструкцијата на објектот, каде што веќе е започната изведбата на првата фаза од реконструцијата, односно извршена е промена на фасадата, фасадната столарија и на покривот.

Годинава ќе се обезбедува и проектно-техничката документација за реконструкција на Центарот за култура во Прилеп, со доградба и надградба на објектот, со цел обезбедување простор за работа на театарот, како и проектно-техничката документација за реконструкција на објектот на Центарот за култура во Струмица, а се обезбедени средства и за изведба на систем за гасификација во објектот на Центарот за култура во Куманово. Меѓу проектите што ќе се реализираат оваа година се и реконструкцијата на покривната конструкција во Центарот за култура во Тетово, набавка на видеонадзор и инсталација на целокупната опрема за видеонадзор за потребите на Центарот за култура во Струга и други набавки на техничка опрема за установите.

На средбата, министерката за култура Стефоска ја нагласи важноста на овие институции чие соодветно функционирање е од особено значење за развојот на културата во градовите и во општините и посочи дека од директорите и воопшто од институциите очекува конструктивност, професионалност и координативен однос во работата. Исто така, ја истакна и потребата од активна соработка со единиците на локалната самоуправа, во интерес на граѓаните, и реализација на повеќе активности кои се од значење за развој на културата во општините.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.