Стејт департментот се надева дека Атина и Скопје наскоро ќе го решат спорот за името, нешто што во моментов би било добро за сите.
„Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и Грција ќе најдат заемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот”, порачале од Стејт департментот.
Се очекува токму спорот за името да биде и една од темите на претстојната средба меѓу американскиот претседател Барак Обама и грчкиот премиер Андонис Самарас, која ќе се одржи на 8-ми август во Вашингтон.