Σtella (Стела Хронопулу) е поп пејачка, композитор и визуелен артист од Атина, Грција која што во рамки на својата балканска турнеја утревечер ќе настапи во Скопје во кафе барот Винил во центарот на градот. Стела е веќе позната како еден од најкарактеристичните женски вокали на грчката електро-поп сценa.
Нејзиниот деби албум, издаден во 2015 за издавачката куќа Inner Ear Records (GR) брзо стана еден од најпопуларните Грчки инди-поп албуми. Песните “Detox” и “Picking Words” постигнаа забележителен успех и постојано вртење на радио станиците.
Во Февруари 2017, Inner Ear Records го издаде вториот албум “Works for You” којшто американскиот блог Earmilk го означи како ”јебено добар”. Во Март 2017, имаат деби во САД на SXSW Music Festival во Остин, Тексас. Влезот за настапот на Стела во Винил е слободен, а почетокот е во 21:00 (29.10, недела).
