Директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести, Милена Стевановиќ, за ТВ21 изјави дека модуларната болница е отворена од синоќа, бидејќи зградата веќе го достигна својот полн капацитет со болни од ковид-19.
– Како и претходните месеци, капацитетот е веќе полн, а модуларната болница почна да се полни од вчера. Вкупно се примени 101 пациент, а во текот на минатата ноќ беа примени 19 пациенти кои имале тешка или средно тешка клиничка слика, рече Стевановиќ.
Засега нема податоци дали болните кои се со тешка клиничка слика се заразиле со Делта или индиска варијанта, а д-р Стевановиќ додава дека повеќето од нив се или невакцинирани или со една доза на вакцина.