Според Министерството за здравство, вкупно во Скопје во ковид-центрите има 348 пациенти, кои се главно на кислородна поддршка
„Ова е најниска бројка, многу одамна не сме ја имале. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи“.
Вака, директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ утрово ја оцени состојбата на Клиниката каде во моментов се хоспитализирани 122 пациента, од кои стотина се со тешка клиничка слика, околу 12 на неинвазивна вентилација, а најголем дел од нив се на поддршка со висока концентрација на кислород.
Доктор Дејан Доќич информира дека во ковид – центрите на инфективните клиники вчеравечер имало само три приеми и немало починати. Вкупно, како што посочи, има 104 празни кревети од вкупен капацитет од 220 кревети. Ниеден од нив нема потреба од неинвазивна вентилација или респиратор.
Според Министерството за здравство, вкупно во Скопје во ковид-центрите има 348 пациенти, кои се главно на кислородна поддршка. Најмногу од вкупниот број нови приеми во текот на изминатото деноноќие – 35, биле на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“.