Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојанче Ангелов „по кратка постапка и на сила ќе ги сели Ромите од Вардариште“ – Шукова со реакција: Ова е врв на нечовечноста и го открива вистинското лице на оваа власт

0
By Marija Todorovska on September 16, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој директен повик за употреба на сила не само што е спротивен на човековите права, туку и ја оживува најопасната реторика на колективна вина и репресија.

Дехран Муратов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, во гостување на поткаст „На кавга со Иван“ на Канал 5, истакна дека решението за депонијата Вардариште е со сила да се реши проблемот со „една ромска група“ која, според него, е виновна за палење на отпадот.

„Се оградувам, не мислам на сите Роми, да не бидам обвинет за шовинизам, расизам и така натаму. Но оние Роми коишто живеат во депонијата се тие што палат кабли за да го извлечат бакарот…“, рече Ангелов.

Иако водителот Иван Мирчевски и Сотир Костов се обидоа да го корегираат дека евентуално преселување мора да биде на хуман и достоинствен начин, не на сила, Ангелов категорично одговори:

„Јас сум за агресивна реакција. Мене ако ме прашувате јас би го решил тоа по кратка постапка, ги селам од таму… Ако е потребно и на сила“.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на изјавата на директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, дека „Ромите од Вардариште со сила треба да се иселат“, со што, всушност, го открива вистинското лице на оваа власт, се вели во соопштението од СДСМ.

„Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ‘на сила да бидат иселени’? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите“, реагира Шукова.

Кандидатката за градоначалник Шукова истакнува дека Ангелов и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница.

„Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање“, наведе Шукова.

Власта е неспособна и шири ароганција и гнев поради сопствените неуспеси.

„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок“, наведе Шукова.

Овој директен повик за употреба на сила не само што е спротивен на човековите права, туку и ја оживува најопасната реторика на колективна вина и репресија.

Ова не е првпат Ангелов да предизвика револт со дискриминаторска порака кон ромската заедница. Во 2017 година, негов статус на социјалните мрежи предизвика лавина реакции од ромски организации. Под јавен притисок, тој тогаш во Шуто Оризари јавно се извини, нагласувајќи дека Ромите се македонски граѓани и совесни луѓе и дека жали за непријатностите предизвикани од неговата изјава.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа

Ангелов Роми Шукова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.