Фросина Факова – Серафиновиќ: Сто дена се навистина малку да се каже колку ќе биде успешна власта. Но, доволно да се заклучи дека и ним не им одговара градење систем, кој не може да го урне кој и да дојде на власт.
Очигледно не им треба ни Европа, ниту парите што може да ни ги понуди, ниту, пак, европските „искривени“ вредности. И навистина Европа е далеку од совршена и праведна, но ова мало парче земја е на тој континент.
Ние може да се чукаме во гради колку природни убавини имала нашата татковина, но ако бидеме реални имаме само три загадени природни езера и уништени и изгорени планини, патишта, не со дупки, туку со кратери, расипани возови и ѓубриште. Линк