Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стоилковиќ се сомнева дека Груби „го шпионира“ со далечинско управување на камерите

0
By Marija Todorovska on July 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Д. М

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, доставил извештај до Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој бил поставен од неговиот претходник Артан Груби.

Стоилковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.

„Како заменик-претседател на Владата имам соодветни и безбедносни мерки околу мене и луѓето кои се грижат за таа работа направија проверки контра-тероризам и сакаа да утврдат кој е надлежен за видео-надзорот во Министерството и кој го контролира, но немаше ниту еден одговор на тоа прашање. Затоа се обратив до фирмата која го сервисирала, односно монтирала видео-надзорот“, рече Стоилковиќ.

Тој нагласи дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.

„Јас го прашав надлежното лице од ‘Мак аларм’ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа ‘IP’ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав ‘немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот’. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека ‘IP’ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството“, рече Стоилковиќ.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, смета дека ова е законски недозволено, затоа што на пример, и во неговото министерство има видео надзор, но тој е поставен по сите законски прописи и точно се знае кој може да има увид.

„Ја поздравувам ангажираноста на вицепремиерот и посветеноста со којашто ги решава проблемите. Немам детали. Ние не сме истражен орган за да ги знам деталите за таа компанија или за активностите коишто ги има. Можам да кажам дека најдовме систем за снимање и во Министерството за дигитална трансформација, но можам да потврдам дека тоа е во сопственост и контрола на Министерството и соодветно обележено дека одредениот простор се снима, така што ги почитува сите закони во моето Министерство. Што се случува во другите институции сѐ уште немам информации. Можеби најнадлежен орган ќе биде Министерството за внатрешни работи. Денеска (30 јули) имаме седница во 12 часот, па мислам дека министерот ќе ги сподели подетално информациите и ќе знаеме со што се соочуваат во тоа Министерство“, истакна Андоновски, на 30 јули 2024.

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, во изјава за Канал 5, обвинувањата ги нарече апсолутна невистина и додаде дека институцијата си имала видео-надзор како што било монтирано при изградбата на објектот, од компанијата уште пред да стапи на функција, а камери имало само во ходниците, влезовите и на законски дозволени места, што биле инсталирани уште во времето на претходната владата на ВМРО-ДПМНЕ, а камерите биле под надлежност на обезбедувањето определено од МВР во нивна канцеларија без тој да има било каков пристап, во било кое време и под било какви околности.

Преземено: Цивил Медиа

Артан Груби Иван Стоилковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.