Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојанова: Реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново продолжува во април

0
By Нова ТВ on March 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заради временските прилики во моментот е запрена реставрацијата на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, вели Мери Стојанова, директорка на Завод и музеј – Битола.

„Кон крајот на минатата година се заврши со сите административни и подготвителни активности, кои беа поврзани со стручна подготовка на самиот објект за она што треба да следи во оваа и во наредните години. Се работеше на обивање на малтерни маси коишто беа со лош квалитет и кои биле ставани во изминатите неколку децении при конзервацијата на споменикот. И со заладувањето на времето, на крајот на 2020 година конзерватораките работи беа сопрени и тој застој се’ уште трае, а во текот на април ќе се продолжи со предвидеите активности. Во текот на оваа година треба да се реализира постапката на инјектирање на ѕидните маси, односно зацврстување на постоечкиот објект, потоа ставање на затеги коишто што треба да ја зацврстат конструкцијата на објектот и ред други специфични активности кои се предвидени со проектот за конзервација и реставрација на црквата. И во периодот кога се работеше проектот и по започнувањето на неговата реализација ние се обидовме да ги вклучиме дел од најеминентните стручњаци за кои колегите сметаа дека можат значајно да допринесат и реално, никогаш од наша страна не била одбиена стручна помош од секој што ја понудил.

Што се однесува на конзервацијата, во овој процес не се вклучени само колегите од нашата институција, туку како надзор се вклучени и колеги од ИЗИС, колеги од Завод и музеј Прилеп, кои со своето долгогодишно стручно искуство во заштитата значително допринеле за да се реализира ваков тип на споменици каков што е споменикот Св. Ѓорѓи во Курбиново, кој по својата вредност тој е немерлив со ниту еден друг во државата“, вели за Утрински брифинг, Мери Стојанова, директорка на Завод и музје Битола.

Таа рече дека во процес на реставрација се и спомен куќите на Стив Наумов и Гоце Делчев во Битола. „Овој процес трае три години и досега се преземени зафати во ентериерот на самите куќи, конкретно во спомен куќата на Стив Наумов беше направена замена на дограмата, беше поставена нова електрична инсталација, која беше дотраена и исклучително опасна не само за самиот објект, туку и за околните приватни објекти, а минатата година се изврши и комплетна промена на кровните конструкции, така што сега во контекст на одобрените средства ќе видиме кои се приоритетни активности кои треба да се преземат“, додаде Стојанова.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.