Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојановски: Го удрив лекарот затоа што беше дрзок со мене

0
By Менче Атанасова Точи on June 18, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Точно е дека го удрив лекарот неколку пати но, тој се однесуваше со мене многу дрско, ме истурка од собата каде што лежеше мајка ми, а јас само сакав да бидам покрај за да не ја извади иглата повторно бидејќи беше во агонија. Вака ја започна својата приказна Филип Стојановски, 35 годишен човек кој сам се јави во редакцијата на НОВА и призна дека го удрил лекарот на Клиниката за гастро, а потоа отишол и сам се пријавил во полициска станица. Неговата мајка починала денеска како последица од малигното заболување од кое страдала две години.

-Бевме многу револтирани бидејќи во амбулантата два часа ја чекавме лекарката, ни рекоа дека нема кревет, а немаше и количка за да ја носиме. По два часа, наместо лекарката дојде лекарот А.Р кој ми се обрати со зборовите :„Излези надвор!“ Јас го прашав зошто да излезам бидејќи во собата немаше медицинска сестра, сакав да помогнам, а тој ми одговори :„За ќеиф!“ Во тој момент ми се затемни пред очите и почнав да го удирам, изјави за НОВА Стојановски.

Тој потоа отишол во полициска станица и сам се пријавил, но вели дека неговиот татко и тетка му биле задржани од обезбедувањето и во подрумот на Интерните клиники биле малтретирани.

-Татко ми кој има пет бајпаси во срцето бил тепан од обезбедувањето, го удирале по главата, му ги свиткале рацете и го терале да ме пронајде. Подоца добив закани и по живот од лекарот. Мислам дека некој се обидува работата да ја сврти на национална основа, изјави Стојановски.

Веднаш по настанот Стојановски поднел претставка до Министерството за здравство.

НОВА контактираше и со лекарот А.Р кој побара неговото име да не биде спомнувано во јавност. Тој случајот го пријавил во полициска станица, а најверојатно ќе поднесе и приватна тужба против Стојановски.

-Мислев дека синот на пациентката ќе ме праша нешто, но тој ме удри толку силно три пати од двете страни на главата што јас паднав и колабирав. Да не дојдеше обезбедувањето кој знае што ќе се случеше со мене. Навистина за ништо не бев виновен, изјави нападнатиот лекар за НОВА.

Тој веднаш бил однесен во Ургентниот центар каде што му била укажана лекарска помош.

Како што НОВА веќе објави двајцата директори на Клиниката забраниле да се даваат било какви информации за случајот да не излезе во јавност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.