Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стојчев: Министерството направи кардинална грешка

0
By Менче Атанасова Точи on May 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Докторите не си допишувале бодови во Градската болница “8 Септември“, констатирале инспекциските служби кои од утринава ја проверуваат целокупната документација во болницата. Ова за НОВА го потврди раководството на болницата, и не само што не допишувале бодови туку евидентирале помалку од она што го прикажале.

– Лекарите имаат направено повеќе услуги од што прикажале бидејќи дежурството се бодира со единица, а најголем дел од тие услуги се направени тогаш. Тие здравствени услуги како што е ехо, колпоскопии, разни снимања се сработени но не се евидентирани, односно се означени со бодот единица. Инспекциите направија кардинална грешка која се надевам дека ќе ја исправат, вели за НОВА директорот Сашо Стојчев.

Според Стојчев, во болницата имаат од 10 до 15 проценти повеќе сработени здравствени услуги од тоа што е прикажано.

Целата лавина тргна откако двајца лекари од одделот за очни болести ја пријавиле својата колешка која си допишувала бодови. И покрај предупредувањето од раководството таа не сакала да ги корегира бодовите.

Нефицијално, против неа ќе биде покрената судска постапка бидејќи како што велат од таму, го извалкала името на болницата и на останатите лекари. Таа е на листата ТОП 100 наградени доктори кои најмногу сработиле во изминатиот месец.

Станува збор за блиска роднина на актуелен директор на една клиника од редовите на ВМРО ДПМНЕ и реформатор во здравството. Тодоров затоа ја стопираше исплатата, а наградените доктори еден по еден ќе ги проверува дали лажирале податоци.

Останува да се види дали министерот Тодоров ќе ги потврди овие информации во јавноста и доколку ги потврди дали ќе се коригира, а лекарите очекуваат и извинување.

Еве што изјави вчера министерот Тодоров:

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.