Рикард Андерсон е именуван како осомничен за масовното пукање во Шведска. 35 годишникот е обвинет дека вчера околу пладне во Центарот за образование на возрасни Рисбергска го извршил најтешкото масовно убиство во историјата на земјата.
Според полицијата, најмалку 11 лица беа убиени откако напаѓачот отворил оган во училиштето Кампус Рисбергска во Оребро, пред да се застрела. Локалните извори тврдат дека Андерсон страдал од психички проблеми и живеел сам.
Документите на шведската национална служба покажуваат дека тој во неколку наврати бил одбиен за воена служба. И покрај тоа, добил дозвола за четири ловечки пушки.