Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: На утрешниот состанок ќе разговараме за Западен Балкан и безбедносните прашања

0
By Gabi Tocko on November 21, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Столтенберг потенцира дека Западниот Балкан е есенцијален за безбедноста во Европа.

На неформалниот состанок, премиерот Димитар Ковачевски утре ќе ги пречека поканетите лидери од Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, во своето обраќање во Собранието денеска порача дека токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваат на Северна Македонија како членка на НАТО.

Во последните неколку дена сум во посета на Западен Балкан. Ги посетив Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а утре ќе се сретнам со лидерите на наши сојузници од Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија. Токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваме на Северна Македонија како членка на НАТО. Вие со пример покажувате како луѓето од различни етнички и религиски позадини може да живеат заедно и да градат држава, рече Столтенберг.

 

Според Столтенберг, Северна Македонија е доказ дека со посветена работа, реформи и посветеност кон вредностите и идеалите на трансатланската заедница како што се слободата, демократјата и владеење на правото, секогаш е возможен напредок.

Тој потенцира дека членството во ЕУ дополнително ќе ја зајакне демократијата, владеење на правото и социјалната правда, а ќе ги зголеми можностите за сите граѓани, особено за младите.

Ве охрабрувам постојано да работите, како што работевте за членството во НАТО, и да го комплетирате вашето патешествие кон срцето на европското семејство. Членство на НАТО ќе го трасира вашето членство во ЕУ, онака како што беше случај со државите пред вас. Членството во НАТО е добро за Северна Македонија, но добро е и за НАТО. Вашите вооружени сили активно придонесуваат во меѓународниот мир и безбедност, додаде Столтенберг.

Тој потсети дека Северна Македонија веднаш ја осуди агресијата на Русија против Украина и даде значителна воена помош на Украина.

Секој ден во седиштето на НАТО седите како еднаков член со сите сојузници. Вие сте важен но и доверлив член на трансатланската заедница. Кога Југославија се распадна со колапсот на комунизмот, вашата држава беше единствена која што се здоби со независност, без да биде пролеана ни капка крв. Тоа е огромно достигнување и е пример за другите, нагласи шефот на НАТО.

Според него, Северна Македонија е пример за успешно мултиетничко општество, потенцирајќи дека Северна Македонија му покажува на регионот, но и пошироко, дека е возможно различностите да живеат заедно во мир и дека има реални и вистински алтернативи како одговор на насилството.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.