Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Никогаш не е доцна за Русија да се откаже од напад

0
By Sashko on February 22, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги поздрави санкциите воведени од страна на повеќе земји членки против Русија и додаде дека Алијансата ќе продолжи да ја поддржува Украина воено и финансиски, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на Северноатлантската алијанса попладнево се обрати пред медиумите, откако вчера рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените “Народни републики“ Доњецк и Луганск, предизвикувајќи лавина реакции и санкции на Западот.

Столтенберг, сепак, нагласи дека Москва уште има простор да се повлече и да докаже дека сака мирно и дипломатско решение.

Русија уште има избор да направи чекор назад, да избере дијалог и дипломатија, ние покажавме дека сме подготвени да седнеме и да разговараме со Русија во дух на доверба, рече Столтенберг и ѝ порача на Русија дека не е доцна да не нападне.

Шефот на Алијансата, исто така, констатираше дека постои конфузија околу вчерашната одлука за признавање на Доњецк или Луганск, бидејќи не е јасно дали Русија одлучи да ја признае целосната територија на двете области или деловите на контакт линијата.

Сепак одлуката дополнително ги зголемува заканите и нарушувањата, фактот што воопшто ги признаваат овие ентитети како независни држави, ова е причината за нашата јасна осуда и затоа ги поздравуваме санкциите, додаде генералниот секретар на НАТО.

Една од најзначајните последици на признавањето на независноста на Доњецк и Луганск дојде од Германија која го суспендираше договорот за „Северен тек 2“, што наиде на пофалби од страна на генералниот секретар, кој додаде дека Русија „беше предупредена дека ќе има последици“ за нарушувањето на суверенитетот и интегритетот на Украина.

За НАТО, Москва е единствениот виновник за ескалацијата и Алијансата е решена да продолжи да и испорачува на Украина опрема и финансиска помош за да се брани од руското воено присуство околу и на нејзината граница.

Ја повикуваме Русија итно да го одбере патот на дипломатијата. Ова е најопасниот момент за европската безбедност во една генерација. Европа и Северна Америка се обединети, рече Столтенберг, кој дополтиелно предупреди дека Русија се обидува да создаде повод за да нападне.

НАТО, рече Столтенберг, е подготвен дополнително да го засили своето присуство во источниот дел од Алијансата и принципот на „еден за сите, сите за еден“ во случај на напад врз земја членка на Алијансата ќе биде активиран.

Извор: МИА

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.