НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија

0
By Ана Василевска on March 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон.

Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

„Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ – CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикне сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони“, наведува Комората.

Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми.

„Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни“, истакнува Стопанската комора.

Закон за игри на среќа Закон со европско знаме Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.