Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанската комора на Северна Македонија започнува повеќе активности за поголема промоција и афирмација на придобивките од медијацијата

0
By Ivana on April 6, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стопанската комора на Северна Македонија, во своите напори за популаризација и за афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка 

Стопанската комора на Северна Македонија во следниот период преку повеќе настани започнува активности за поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање сегашен или иден спор на компаниите особено се препорачува користењето на медијацијата.

 Неопходно е да се дејствува во насока на јакнење на довербата на бизнис-заедницата во медијацијата, што, покрај промовирање на придобивките (ефикасност, економичност, доверливост на постапката и други), бара промовирање и вклученост на сите други институции кои имаат интерес да ја поддржат медијацијата преку разни кампањи, медиуми/интервјуа/настапи, бесплатни медијации, преку тркалезни маси, со цел согледување на предностите од медијацијата, бесплатни пилот-медијации по сектори и слично.

Зошто е корисна постапката на медијација? Во процесот на медијација нема победници и губитници, нема наметнување решенија и нема потреба некој друг да одлучува наместо страните во постапката. Самите страни, со помош на трето неутрално лице, лиценциран медијатор, заеднички наоѓаат и доаѓаат до конструктивно прифатливо решение. Во Комората на медијатори на Република Северна Македонија во моментов се запишани 46 лиценцирани медијатори.

На суд речиси секогаш едната страна губи, а другата победува, додека, пак, во процесот на медијација сите страни во спорот се согласуваат на решение што им одговара ним, односно сите се победници. Всушност, медијацијата ја надополнува и ја олеснува судската постапка и може да започне како нејзина алтернатива. Доколку во првостепената судска постапка за одредени видови спорови (медијабилни) судијата утврди дека е погодно спорот да се реши по пат на медијација, на страните може да им ја препорача таа опциja.

  • Стопанската комора на С. Македонија ја поддржува медијацијата со главна цел популаризација на овој начин на вонсудско решавање на споровите.
  • Со популаризација на медијацијата се намалуваат непотребно долгите и скапи спорови и се зголемува ефективноста во надминувањето на конфликтите во ставовите на страните, преку наоѓање решенија прифатливи за двете страни,
  • Во оваа насока, а со цел поддршка на медијацијата и нејзина поголема афирмација и достапност до компаниите, на 15.7.2016 година во Стопанската комора на Македонија се формираше првата асоцијација од ваков вид во нашата држава, која има цел поддршка на медијацијата (АПМ), каде што членки се лиценцирани медијатори, експерти од конкретната област, но и институции и фирми кои можат да учествуваат во поддршката на медијацијата.
  • Активностите на АПМ имаат цел информирање и подигнување на свеста на компаниите за предностите на медијацијата како алтернативен метод за решавање на споровите, развој на системот за нудење услуги на медијација, како и надградување на капацитетите на корпоративните правници и адвокати за застапување на своите клиенти во постапките со медијација.
  • Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најбројна бизнис-асоцијација, прва воведе поддршка за вршење медијација, како за членките така и за нечленките, како нова услуга во своето портфолио на активности, за што отвори и канцеларија за вршење на дополнителните услуги.
  • Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, како дел од групацијата на Светска банка, и Стопанската комора на Македонија во 2006 г. година заедно работеа на 6-месечен проект за развој на медијацијата на тема „Финансиски користи од медијацијата“. Се работеше на промоција и на дистрибуција на публикациите на IFC PEP SE – брошура за медијација и алманах за медијација – а се одржаа и голем број семинари за подигнување на јавната свест за медијацијата.
  • АПМ од јули 2016 година досега има организирано повеќе од 40 бесплатни семинари за придобивките од медијацијата пред бизнис-заедницата и има опфатено повеќе од 1.000 учесници претставници од компаниите и други заинтересирани страни.
  • АПМ е организатор на првата Меѓународна конференција за промоција на медијацијата, со поддршка на Асоцијацијата на балканските комори и на Унијата на германски индустриски комори, со учество на високи гости од Холандија, Германија, Грција, Турција, од Молдавија, Бугарија, Србија, Косово и од БиХ, со кои се разменуваат искуства од ефектите од примената на медијацијата.
  • Во следниот период АПМ при Стопанската комора, со своите партнерски институции, продолжува со активности за поголема промоција и достапност на медијацијата кај бизнис-заедницата.

 Новиот Закон за медијација во РСМ е во сила од 4.1.2022 година  („Службен весник на Република С. Македонија“, бр. 294/2021). Тој има цел приближување на земјата кон Европската Унија, која, пак, во ситуација на разрешување конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става врз алтернативното решавање на споровите и врз медијацијата како еден од нив. Во Законот се разработени начелата на медијацијата, целосно усогласени со директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и во стопанските спорови, како што е начелото за доброволност на медијацијата, но и начелата за рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, за достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и за економичност. Со решенијата што ги нуди овој закон ќе се зајакне медијацијата во нашата држава и ќе се обезбеди заслуженото место, а, од друга страна, ќе зајакне и правната сигурност на корисникот на медијацијата, со што ќе се овозможи на многу побрз и сигурен начин да се остварат нивните права и интереси.

Постои можност и јавните претпријатија и државните органи да ја препорачаат и да ја користат медијацијата пред да одат во судска постапка.

Стопанската комора на Северна Македонија, во своите напори за популаризација и за афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка.

Во насока на поддршка, прва заедничка активност на Стопанската комора на Северна Македонија и на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во следниот период ќе биде организација на тркалезна маса на тема „Посткризно КОВИД 19 заздравување на економијата –предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за помош на фирмите, со вклучување на медијацијата и на новите процедури предвидени со новиот Закон за инсолвентност“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.