Стотина австралиски државјани од македонска националност се степале со група австралијанци од африканско потекло на градскито стадион во населбата Мирабука во Перт, пренесуваат австралиските медиуми повикувајќи се на тамошните полициски извори.
Масовната тепачка претходно била закажана на социјалната мрежа Фејсбук. По судирот на двете групи на стадионот, инцидентот ескалирал и се проширил низ улиците на населбата по што полицијата интервернирала со повеќе возила.
Причините за тепачката се уште се истражуваат од страна на полицијата.