Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странски експерти ќе одлучат каде ќе се гради новиот Клинички центар

0
By Менче Атанасова Точи on September 6, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Странска консултанска куќа ќе врши ревизија на тендерот за изградба на новиот Клинички центар, дознава НОВА од извори упатени во оваа проблематика. Експертите од консултанската куќа треба да утврдат каде е најдобро да се изгради Клиничкиот центар, дали локацијата во кругот на клиниките е соодветна и која локација одговара за ваков грандиозен објект.

За оваа цел Европска централна банката и доделила грант од 2,1 милиони евра, неповратни средства на државата. Информацијата за НОВА, ја потврди и министерот за здравство во заминување, Арбен Таравари.  Тој рече дека ревизијата која треба да ја направи консултаската куќа е по негово барање, а банката за таа цел одобрила грант.

„Да, точно е дека ќе се избере консултанска куќа и тоа со високи стандарди, со стручњаци кои ќе треба да направат анализа на тендерската документација и да одлучат каде е најдобро да се изгради новиот Клинички центар. Ако проценат дека може да се гради во кругот на клиниките ќе остане тука, ако не ќе кажат која локација е најдобра за ваков објект“, изјави за НОВА, Таравари.

Кога дојде на функцијата Таравари најави дека новиот Клинички центар нема да се гради на просторот кој беше планиран на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, туку на сосема друга локација надвор од градот и од сообраќајните гужви. Како идејата тој посочи простор некаде околу обиколницата.

За да не се отстапи од договорот со банката, Таравари предложи на местото каде што  претходната власт планираше да го гради Клиничкииот центар, да биде изграден мал Дијагностички центар со  лаборатории. Подоцна, најверојатно излезе дека оваа идеја не е во согласност со договорот и банката одлучи да додели грант за експертите да направат стручна анализа што може да се направи и каде треба да се гради Клиничкиот центар.

Претходната власт за изградбата на новиот Клинички центар се задолжи со кредит од 90 милиони евра, а почетокот на изградбата беше најавен уште на 2 јануари 2014 година. И покрај официјалниот старт на изградбата кога се сечеа црвени ленти на местото каде што беше предвидено да се гради новиот објект(на просторот каде што беше старата гинекологија), три и пол години стои само дупка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
ФОКУС

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

СВЕТ November 2, 2025

Белград: Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025
ТИКЕР

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.