Нето директните странски инвестиции во земјава забележаа пад од 34 отсто во првите три месеци годинава во однос на истиот квартал лани, покажуваат прелиминарните податоци на Народната банка на Македонија.
Во првиот квартал годинава влезени се 53 милиони евра на име на директни странски инвестиции за разлика од износот од 80,2 милиони евра во истиот период лани. Во март годинава се влезени само 7,9 милиони евра.
Лани во Македонија прелиминарното ниво на странски директни инвестиции изнесуваше 104,8 милиони евра за разлика од преклани кога нивниот ревидиран износ беше 336,8 милиони евра.