Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странските медиуми за трагедијата со македонскиот автобус во Бугарија

0
By НОВА ТВ on November 23, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Несреќата на автобусот со македонски регистарски таблички кој се запали на автопатот јужно од Софија, при што загинаа најмалку 45 лица, меѓу кои има и 12 деца, денеска беше еден од најтрагичните настани за кој пренесуваа светските и европските медиуми.

Бугарските медиуми пишуваат за автобуската несреќа на автопатот Струма, изразувајќи жалење за огромниот број жртви. Агенцијата БГНЕС, меѓу другото, објави дека автобусот поседувал македонска лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски од Скопје, откако претходно се појавила информација дека „Беса транс БТБ“ е регистрирана во Бугарија. Дозволата е издадена во јули 2018 година. откако „Беса Транс БТБ“ ги достави сите потребни документи за добивање дозвола за меѓународен превоз на патници. Како што објави БГНЕС, фирмата била регистрирана на адреса на ул. Рашче број 1 во Скопје. Бројот на дозволата е 08-4127/1 од 18 јули 2018 година. Дозволата важи до 08.08.2022 година.

Исто така, медиумите во Бугарија објавија и наслови дека „Оставката на Заев се одложува поради трагедијата во Бугарија“ и „Прогласена тридневна жалост во Северна Македонија“.

Си Ен Ен ја пренесе информацијата за трагичната несреќа со наслов „Дванаесет деца меѓу 45 загинати во пожар во автобус во Бугарија“, наведувајќи дека станува збор за македонски туристи и дека идентификацијата на загинатите ќе биде тешка бидејќи телата се сериозно оштетени од пожарот.

И српските медиуми ја пренесуваат веста за автобуската несреќа. Некои од нив ја пренесуваат изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека во автобусот со македонски регистарски таблици се наоѓало и едно лице од Србија и еден белгиски државјанин. Жељко Јовиќ, амбасадорот на Србија во Бугарија за РТС изјавил дека повредениот српски државјанин од Прешево се наоѓа во болницата во Софија и дека неговата здравствена состојба е добра.

Агенцијата Ројтерс со наслов „Автобус со туристи од Северна Македонија се запали во Бугарија, при што загинаа 45 лица“ ја објави веста за несреќата. Во изјава за медиумот, 11-годишно момче, соученик на децата кои загинаа, изразува жалење и болка по неговиот другар кој го загубил животот.

Американскиот весник „Вашингтон пост“, исто така информира за синоќешната трагедија. „Туристите од Северна Македонија се враќаа дома од патување во Турција со автобусот кој се запали во една од најсмртоносните автобуски несреќи во поновата историја на Бугарија“, пишува весникот.

Медиумите во Хрватска, исто така, јавија за сообраќајната несреќа. Порталот „Индекс.хр“ објави наслов „Во сообраќајна несреќа во Бугарија загина цело семејство, меѓу кои и четиригодишни близнаци“, додека „Дневник.хр“ пренесува изјави од членови на семејствата на загинатите. Еден жител на Скопје вели дека во несреќата загубил десет членови од неговото семејство.

Под наслов „Изгореле до непрепознатливост: тешка несреќа во Бугарија“, Дојче веле денеска пишува за автобуската несреќа. „Може да има многу причини за несреќата – возачот можеби заспал, а можеби постои друга причина. Од вчера врне дожд, а оваа делница е една од најтешките кај нас. Тоа е голема стрмнина“, изјави градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров на местото на несреќата. Според бугарските експерти за патишта и сообраќај, тој дел од патот се смета за многу незгоден. Таму дупките се поправале цело лето, често со пребрзо возење и многу сообраќајни несреќи, објави Дојќе веле.

Радио Слободна Европа пренесува за трагедијата во текстот под наслов „Во сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија загинаа 46 лица, меѓу кои 12 деца“. Медиумот ги пренесува телеграмите со сочувство упатени до македонските власти од околните земји, како и од европските високи претставници.

Бугарија, земја на ЕУ со околу 6,9 милиони жители, во последните години доживеа многу фатални автобуски несреќи. Во последната, 17 бугарски туристи загинаа во 2018 година кога нивниот автобус загубил контрола на влажен коловоз и се преврте.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.