Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стрезоска: Очекувам извештајот на ЕК да биде позитивен, подобар од било кога досега

0
By Соња Крамарска on October 5, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатиот период, Северна Македонија ги превзеде сите неопходни чекори и направи големи напори да одговори на сите барања на ЕУ за почетокот на преговорите, вели во изјава за „Локално“, Зорица Стрезоска од „EU Support for Rule of Law“ (Поддршка на ЕУ за владеење на правото), зборувајќи за извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија што се очекува да се објави следната недела.

„Следната недела се очекува извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија. Во изминатиот период, Северна Македонија ги превзеде сите неопходни чекори и направи големи напори да одговори на сите барања на ЕУ за почетокот на преговорите, по што следи објаснувачкиот скрининг по кластери, а се очекува и стартот на билатералниот скрининг со ЕУ, на 7 ноември 2022. Очекувам извештајот да биде позитивен, подобар од секогаш досега. Пофалбите би се однесувале, секако, на прифаќањето на Францускиот предлог и наоѓањето на компромис за спорот со Бугарија, како и пофалби кои се однесуваат на одржувањето на добри меѓусоседни односи, како и внатрешни стабилни меѓуетнички односи во подолг период“, изјави Стрезоска.

Таа додава дека преку разни иницијативи, Северна Македонија аспирира да ја одржи стабилноста во поглед на регионалната соработка, па се очекуваат позитивни коментари од страна на Европската Комисија.

„Република Северна Македонија уште од самиот старт се приклучи на ЕУ во врска со санкциите спрема Русија, ја осуди агресијата на Русија, и искажа солидарност со Украина и украинскиот народ, па се очекува пофалба и во овој дел. Не очекувам поголеми критики во делот на владеење на правото. Сeкако, ќе бидат истакнати одредени слабости кои се однесуваат на судството, борбата против корупцијата и организараниот криминал. Во поглед на темелните права – човековите права – родовата еднаквост, има тренд на подобрување и подигнување на свеста за истите, што би било истакнато како позитивен аспект во Извештајот“, нагласи таа.

Зорица Стрезоска Извештај на ЕК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.