Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струга ја празнува поезијата, отворени 58-те Вечери на поезијата

0
By Нова ТВ on August 21, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со традиционалното читање на песната „Т`га за југ“ и моќната порака што во име на поетите од целиот свет ја испрати македонскиот поет и прозаист Влада Урошевиќ, вечерва беа отворени 58-те Струшки вечери на поезијата.

– Кога пред многу години, летото 1961 година, 12-те македонски поети меѓу кои и јас, се собраа во Струга да ја прослават 100-годишнината од објавувањето на „Зборникот на народни песни“ на браќата Миладиновци, никој освен нив, не се осмелуваше, ниту да замисли дека тогаш мошне скромен собир ќе прерасне во голем меѓународен поетски фестивал чие име ќе ужива углед и во најоддалечените земји ширум светот. И поетите успеаја да се изборат за својата визија. Фестивалот се разви и се одржа наспроти не секогаш лесните услови, и претставува денес можеби најстар поетски фестивал кој се уште живее. Во еден свет во кој поезијата е поттурната настрана, каде пишувањето песни станува дејност на која јавноста не и подарува речиси никакво внимание, славењето на поезијата преку еден ваков фестивал како што е струшкиот претставува благороден и високо морален чин, истакна Урошевиќ.

Додаде дека она што го одржува денешниот поет се уште да дејствува низ една форма која за многумина е старомодна и изживеана, е отпорот.

–  Секој чин на пишување песни денес низ светот е еден вид отпор. До вчера во овие краишта тоа беше отпор обидите поезијата да се претвори во орудије на претераната идеологизација во служба на политичката елита. Денес песната станува еден вид отпор против се пожестоката и понемилосрдната материјализација на се што постои, рече Урошевиќ, нагласувајќи дека поетскиот израз претставува верба во повисоки вредности, стремеж кон духовност, облагодорување на човекот како суштество, идеал, сон…

Директорот на СВП Тодорче Тасевски во своето кусо обраќање им порача на љубителите на поезијата да бидат отоврени кон благотворното и благородно влијание на поетскиот збор.

– Поетите делуваат преку нивните зборови, затоа што нивните зборови се веќе дела, поетски чинови преку кои што вистината и смислата се отелотворуваа,т убавина пред која се восхитуваме. Ние останатите да бидеме куси во зборувањето, и да зборуваме преку нашите дела, а вечерва сцената да им ја отстапиме на поетите, рече Тасевски.

Добредојде на поетите во Струга им посака и министерот за култура Хусни Исмаил. – Поетите се присутни тука, но иако живеат меѓу нас, не се како нас. Поетите се чувствителната совест на човештвото, тие се луѓето кои ја носат задачата на првиот збор. Тој збор станува вистински комплетен само за поетот и неговиот свет. Бидејќи, навистина на почетокот беше зборот,но и тој на некој начин беше поезија, рече министерот Исмаил.

По свеченото отворање, манифестацијата продолжи со поетското читање „Поетски меридијани“. Богатата програма на Струшките вечери на поезијата за утре предвидува бројни содржини, како презентација на  портретот на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година, потоа поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци” за 2019 година, доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра поетска книга од поет од дијаспората за 2019 година. Ќе се одржи и симпозиум на тема „Исток/Запад: Балкан/Европа“, разговор на тема „Пирот, поет, скитник“ со Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје. Вечерта на истекот на реката Црн Дрим ќе се одржи настанот „Поетски портрет на Влада Урошевиќ“, по што ќе следува презентација на тематската антологија „Арката на Ное“, односно збирка песни од македонски поети за животните. Вечерната програма предвидува уште и поетско читање „Кругови“, презентација на книгата „Дедлајна љубов моја“ на Владимир Лукаш, за точно на полноќ во фоајето на Центарот за култура да почне поетското читање „Ноќ без интерпункција“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.