Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Струмица воведува зонско паркирање

0
By Томе Христов on September 30, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во првата „А“ зона цената за паркинг простор ќе изнесува 30 денари за еден час, додека во втората „Б“ зона цената ќе изнесува 20 денари. Паркираното возило во првата зона ќе може да биде паркирано најмногу два часа, додека во втората зона тоа ќе биде неограничено.

Граѓаните кои живеат и гравитираат во првата зона нема да плаќаат за паркирање на своите возила, а доколку имаат второ возило, за него ќе треба да плаќаат 300 денари месечно. За лицата со посебни потреби определени се 22 паркинг места и истите ќе ги користат бесплатно, а предвидени се и 28 паркинг места за такси возила, велат од Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“.

Сопствениците на деловни објекти ќе можат да користат паркинг простор за најмногу три возила. За едно возило ќе плаќаат по 1.000 денари, за второто 2.000, додека за третото возило цената на паркинг местото ќе изнесува 3.000 денари. Плаќањето ќе се врши преку СМС порака и со греб картичка на повеќе локации. Вкупно ќе има 756 паркинг места.

„ Целта е да придонесеме организирање во сообраќајот и безбедност на учесниците. Пред да отпочне зонското паркирање, ќе има период на адаптација со цел да се информираат граѓаните на Струмица, а истиот нема да се наплатува“, вели Верица Узунова, директор на ЈП „Паркиралишта Струмица“.

За струмичани зонското паркирање ќе придонесе да се стави ред во сообраќајот. Дел од нив сметаат дека цените се реални и дека ќе се подобри сегашната состојба со хаосот во централното градско подрачје.

„ Ако имаат пари за бензин и за скапи автомобили, не треба да претставува проблем да платат и за паркинг простор“, вели Ване од Струмица.

„Јас сум возач на такси возило и сметам дека ќе се воспостави некаков ред. Нема да се паркираат кој каде стигне“, вели Илија Тодоров.

За учесниците во сообраќајот кои ќе ги узурпираат паркинг местата, а нема да извршат наплата, ќе следува казна од 100 денари, изјавија од Паркиралишта.

Зонското паркирање ќе почнува да се применува од средината на Октомври, а ќе се наплатува во работните денови од 07 до 21 часот, и во сабота од 07 до 17 часот. Во недела и за празници ќе биде бесплатно, велат од ЈП „Паркиралишта“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.