Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентите најавуваат тужби до МВР за вчерашната полициска акција

0
By Нова ТВ on July 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на Студентскиот Пленум кои вчера ги бојкотираа изборите за студентски лидер, бараат МВР веднаш да соопшти зошто интервенирале припадници на специјалната единица за брзо распоредување (ЕБР) вечерта за време на нивниот протест пред просториите на Студентскиот Парламент.

Пленумци велат дека доколку МВР не спроведе дисциплинска постапка за оние кои ја спроведоа акцијата, тогаш ќе се соочи со поединчени тужби до службениците и раководството на министерството.

-Бараме МВР веднаш да излезе и да и соопшти на македонската јавност кој беше правниот основ, за влез и интервенција на специјалната единица за избори на невладина организација. Кој ја издаде наредбата? Сите полициски службеници кој се однесуваа грубо, кој што не пцуеја, навредуваа, да бидат најдени од оние снимки кои ги поседува МВР и да се покрене против нив дисциплинска постапка. Во спротивно, ние сите ќе поднесуваме кривични пријави против министерот, командирот и секој оној кој ставил потпис за вчерашната полициска акција, изјави денеска студентката Ивана Туфегџиќ – членка на Студентскиот Пленум.

Туфегџиќ вели дека иако Пленумци реагирале во текот на вчерашниот ден со пријава за кражба на кутии и избирачки материјал, полицијата не интервенирала во текот на изборниот период до 16 часот. Во тој период, полицијата тврдела дека не е во нивна надлежност и дека доколку постои сомнение за украдени избирачки кутии тогаш тоа треба да го пријави Државната избора комисија.

Кој издал наредба за интервенција на ЕБР, денеска и НОВА побара одговори од ресорното министерство. Се до објавување на овој текст, од МВР нема образложение зошто интервенирале специјалците.


ВИДЕО: ЕБР насилно исфрла Пленумци од просториите на Студентскиот Парламент

Нема став ниту од првиот човек на Универзитетот „Кирил и Методиј“, ректорот Никола Јанкуловска за контроверзните избори одржани на факултетите на УКИМ.

Изборите за студентски лидер кои се случија вчера се најконтроверзните досега.

Студентскиот Пленум кој во повеќе наврати алармираше дека Студентскиот Парламент спроведува нелегитимни избори, во сезона кога повеќето студенти се на студенската програма за патување и работа во странство или се вратени во своите градови навор од Скопје.

Пленумот вчера објави и видео како  гласачките кутии се разнесуваат со трчање од просториите на Универзитетот, каде по правило гласовите би требало да се пребројуваат јавнои тие беа пренесени во просториите на Студентскиот парламент. Подоцна, протестот на Пленумци продолжи пред просториите на Студентскиот Парламент до доцна до вечерта, со барање досегашниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски, јавно да ги поништи изборите.

Денеска од Студентскиот Парламент во официјално соопштение известија дека биле спроведени демократски студентски избори и дека нов студентски лидер е избран Давор Поповски со вкупно 3.851 гласови, а Пленумот го повика новиот претседател да ги поништи изборите.

За вечерва во 19 часот пред Стуентскиот Парламент закажан е и протест на Пленумците.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.