Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентката „докторка“ отпуштена од Итната помош, а одговорен никој

1
By Менче Атанасова Точи on June 28, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

poliklinika-bit-pazar

Лице од правната служба кое ги изготвувало договорите за времено ангажирање во Здравствениот дом направило пропуст при приемот на документите на Марина Србиноска, студентката која пет месеци работела како докторка во Итната медицинска помош. Против вработениот во правната служба ќе биделе преземени мерки на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. Ова денеска го соопштија од Здравствениот дом каде нагласуваат дека станува збор за изолиран случај.

„Согласно комплетно извршената проверка на досиејата на лицата кои имаат склучено Договори на дело за времено ангажирање со ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопје, утврдено е дека лице од правната служба на Домот, кое било директно вклучено и ги изготвувало договорите за времено ангажирање, поради негов очигледен пропуст го подготвило и тој Договор. ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ – Скопјe, jасно и недвосмислено истакнува и потврдува дека сите останати досиеја на ангажирани доктори на медицина се со уредна и комплетна документација и несомнено е дека станува збор за изолиран случај. Во таа насока од страна на Домот се превземаат сите законски дејствија за покренување на дисциплинска постапка со цел утврдување на дисциплинска одговорност, во врска со овој случај, соопштуваат од Здравениот дом по истрагата која траеше скоро цела недела.

Од таму велат дека е раскинат договорот со студентката која пет месеци работела како докторка, без диплома, лиценца за работа и не положен државен испит, за што велат дека не произвлегува никакво правно дејство. Обвинувања паднаа на име на студентката за која велат дека смислено криела дека не ги исполнува условите, а доставила податоци за изработка на печат со кој се потврдува дека е давател на здравствени услуги.

javenpovik
Ова е огласот, преку кој биле ангажирани над 70 лица во Здравствениот дом, преку кој била ангажирана и Марина Србиновска

„За лицето кое беше времено ангажирано од страна на Домот, утврдено е дека во два наврати очигледно и смислено го прикрило фактот дека не ги исполнува условите кои Домот ги барал за негово ангажирање. Имено, лицето иако знаело дека не ги исполнува бараните услови, најпрво своерачно го потпишало Договорот за ангажирање, а потоа неколку дена по потпишувањето на договорот, истото лице било контактирано и доставило податоци (име, татково име и презиме) кои биле побарани заради изработка на печат со кој се потврдува кој е давател на услугата“, тврди раководството на Домот.

Од Здравениот дом истакнува дека според информациите на Управата на Итната медицинска помош каде што била ангажирана студентката, на сите покани било уредно одговорено од нејзина страна. Управата на Домот, изразува жалење за овој изолиран случај, и искрено се надева дека како и досега, така и во иднина сите служби на Домот ќе продолжат професионално, стручно, квалитетно и посветено да ги извршуваат своите обврски.

pecatmarina

Вака надлежните во здравството го решија случајот со „докторката“, кој ја крена македонската јавност и предизвика бура од негодувања и кај лекарите и кај останатите граѓани на државата. Ниту збор за одговорноста на директорката на Здравениот дом , за управителката на Итната медицинска помош, за министерот Тодоров, како морална така и законска.

Од друга страна познавачите на правосудниот систем велат дека во случајот има неколку кривични дела, како за одговорните по хиерархија, почнувајќи од министерот до директорката на Здравствениот дом, управителката на Итната медицинска помош и сите кои биле инволвирани во случајот, така и студентката која работела како докторка.

Според правниците, од страна на надлежните постои злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 од Кривичниот закон за што се одговара со казна затвор од шест месеци до пет години, но ако штетата е поголема и до пет години. Тие тврдат дека постои повреда на правата на работниот однос по член 166 од Кривичниот закон каде казната затвор е до една година. За фалсификување на деловни книги односно за невистинити податоци по член 280 определена е казна затвор од три години.

„Докторката“ треба кривично да одговара за надрилекарство, по член 209 бидејќи работела без стручна подготовка, за што е определена казна од една година затвор и парична казна. Пет години затвор следува според член 361 за фалсификување на службена исправа, во случајот печатот кој го поседувала незаконски.

ВИДЕО: Вработената студентка самата објаснува дека диплома зела завчера. Следниот термин за полагање државен испит е во ноември, а дури потоа може да добие лиценца за работа, но таа и со овој статус е докторка спротиввно на законите

„Ова е страшна појава која не смее да остане неказнета. Сите пациенти биле изложени на опасност по нивниот живот и здравје. Ова само покажува колку е гнил системот“, изјави за НОВА,Звонко Давидовиќ адвокат.

И Асоцијацијата на специјализанти и лекари на Македонија бара итно институционално реагирање и расчистување на случајот.

„Вo мoментoв сметaме декa нoвинaрскaтa стoријa нa Г-ѓa Тoчи кaкo и нaшaтa реaкцијa пo oбјaвувaње нa истaтa е сooдветнo дoвoлнa зa иницирaње итнa институциoнaлнa рaзврскa. Инсистираме на почитување на право на пресумпција на невиност, како во овој така и во сите претходни и наредни случаи, се додека не се докаже поинаку. Апсолутно осудуваме било какво незаконско и несовесно работење и бараме доколку има , истото да биде соодветно санкционирано, за сите евентуално инволвирани и одговорни, се вели во реакцијата на АСМЛ.

Од таму сметаат дека не се од никаква помош било какви политички конотации на случајот, особено не, кога доаѓаат од колеги лекари, дека не е во духот на академската толеранција, не е еснафски и изразуваат жалење што воопшто постои и сомнеж за постоење на таков случај, при што апелираат до јавноста да не се генерализира и грaди билo кaкoв oпшт стaв врз бaзa нa пoединечен случaј.

Да потсетиме, само пред неколку дена министерот за здравство Никола Тодоров тврдеше дека не постои никаква студентка која работела како докторка, кога и избега пред камерата на НОВА.

Во меѓувреме, дознаваме дека студентката која била ангажирана во Итната медицинска помош со договор на дело каде извршувала докторска дејност, одела на итни повици, давала лекови и инфузии, потекнува од семејство кое било политички активно во партијата на власт, а нејзиниот татко работел како инспектор во МВР. Таа како талентиран студент минатата година била стипендист на Адора, како и на уште една друга фарамацевска компанија, но партиското влијание и желбата за побрзо вработување го направиле своето, коментираат извори од Здравствениот дом за НОВА.

Инаку, неофицијално за да се дознае кој ги дал документите и доказите на НОВА за овој случај била организирана цела хајка, со испрашување на вработените.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.