Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски дом каков што треба да биде

0
By Нова ТВ on October 7, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе втора година Себијан Фејзула студира во главниот град на Унгарија. За Радио МОФ таа раскажува, каков е животот во студентскиот дом во Будимпешта, за дружбата меѓу студентите, но и за нејзиното изненадување кога првпат стапнала во дворот на кампусот:

„Зарем….!? Беше првиот збор што го изговорив кога стигнав во мојот студенски дом изненадена како од надворешната богата инфраструктура така и од можностите што ги нуди. Јас студирам на Централниот Европски Универзитет (ЦЕУ), во Будимпешта и ова е втората година како што живеам во студенскиот дом на ЦЕУ.

Можностите за сместување што ги нуди ЦЕУ се една од најголемите предности за еден студент. Зошто? Домот располага со повеќе од 400 еднокреветни и двокреветни климатизирани соби. Студентите кои што сакаат да делат соба, месечно добиваат и дополнителни 20.000 HUF или 60 евра.

Собите се опремени со кревет, работна маса и столче, гардеробер, полица за книги, како и бесплатна интернет конекција. Во секоја соба има тоалет. Постелнината е предвидена како во собите, никој не носи од дома. Хигиената е на одлично ниво, а собите темелно се чистат еднаш неделно.

После напорен ден на предавања, или минат во читање и пишување, уживаме во следните услуги:

-спортски центар со базен, сауна и фитнес
-игралиште за кошарка, фудбал, тенис, но и градина
– рецепција што е отворена 24 часа
-две соби со компјутери, соби за учење и за конференции
-кујни и соба за јадење на секој спрат (вкупно десет спрата) во секој спрат
-перална, кафетерија и бар…

Освен пералната, кафетерија и барот, сите останати услуги се бесплатни за сите студенти. Едно студенско мени (салата, супа, главно јадење, десерт) во кафетеријата чини 870 HUF (форенти) или 2,80 евра. Ова е доста прифатливо за скоро секој студент што добива целосна стипендија, која пак изнесува 320 евра месечно, со платено здравствено осигурување и сместување во домот.

Сепак она што навистина остава голем впечаток во домот се организираните мултикултурни настани за студентите. Тоа е програма која што вклучува тематски забави, настани од културен карактер, меѓународен фестивал. Во кампуссот исто така не се исклучени ниту спортските настани, јога сесии, проекции на филмови како и многу други активности предложени од страна на студентите. Сите овие нешта овозможуваат полесно и побрзо запознавање со ЦЕУ студентите од различни земји, многу дружење и исполнет живот.

Можностите што ги имам како студент на ЦЕУ се повеќе од задоволувачки затоа што ми го олеснуваат учењето, ми даваат можност полесно да стапам во контакт со други студенти, и што е најбитно веќе го осеќам како мој дом.

Хм….среќна личност сум била јас.

Udvozlettel Budapestrol! (Поздрав од Будимпешта).“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.