Поголема група студенти денеска протестираа во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, изразувајќи го незадоволството од зголемување на школарините и барајќи промени во државата и во раководствата на факултетите, а со поворки низ целиот град ги поддржаа и протестите од минатата седмица пред државните поради (не)донесувањето на единствениот матичен број за новороденчињата, пренесува Макфакс.
Придружено со одекнувањето на тапани, труби и свирчиња, сараевските студенти прво протестираа пред седиштето на Владата на Жупанијата Сараево, каде што истакнаа транспаренти со коишто се повикуваат сите студенти до БиХ да се обединат во барањата за промени во општеството, политиката и во раководствата на вискообразовните институции. Повод за нивните протести се барањата за зголемување на школарините на факултетите во Жупанијата Сараево, како и смена на управата на Електротехничкиот факултет.
На студентите пред седиштето на Жупанијата Сараево м се обрати ресорниот министер Дамир Марјановиќ кој ги поддржа во намерата јасно да кажат што им пречи. Потоа студентската поворка се спои со граѓаните кои протестираат поради проблемите со носењето единствен матичен број.
Слични протести имало и во Бихаќ на главниот градски плоштад, каде околу пладнето се собрале повеќе стотини граѓани давајќи им поддршка на сите граѓани на БиХ кои со денови протестираат барајќи носење закон за матичен број на граѓаните, поддржани од Унијата на студентите при Универзитетот во Бихаќ.