Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентското собрание при УКИМ со иницијатива: Студентските домови да ги отворат вратите за студенти – бегалци од Украина

0
By Mirjana on March 4, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС на УКИМ) иницира помош за сместување студенти од Украина во студентските домови во земјава и за својот предлог чека одобрение од надлежните институции.

Претседателката на  УСС на УКИМ Ева Цветковска за МИА вели дека  уште на денот кога изби војната во Украина, стапиле во контакт со студентските домови, за потенцијално сместување на студенти од таа земја.

-Ние сме во контакт со Европската студентска унија која ни е посредник  со студентското тело во Украина. Доколку обезбедиме престој за нив во нашите студентски домови, ќе можеме да ја официјализираме комуникацијата со украинските студенти да може да дојдат тука. Имавме зелено светло од некои студентски домови, но ништо не е официјално зашто се чека на одговор од надлежните. За да може да имаме одговор од Украина, треба прво ние ним да им дадеме информации за број на слободни места за да може да дојдат. Но, до тој момент немаме ништо конкретно, изјави Цветковска.

Во очекување на листа на објекти што ќе бидат одредени за прифаќање на бегалци од Украина, УСС на Скопскиот универзитет својата иницијатива за сместување украински студенти ја доставило до студентските домови.

Владата завчера на седница, на предлог на МНР, усвои Информација за прифаќање украински државјани кои се принудени да ја напуштат својата држава и, како што информираше владината прес-служба, „задолжи специфични државни институции во земјава во најскоро можно време да достават информации за расположливите државни сместувачки капацитети, со цел подготвеност за евентуална бегалска криза“.

Покрај солидарноста со оваа  иницијатива за сместување украински студенти, УСС на УКИМ деновиве организира и голема акција за собирање крв за потребите на граѓаните во нашата земја.

Цветковска за МИА вели дека првпат организирааат крводарителска акција во студентските домови и на кампусите на факултетите затоа што досега студентите оделе во одредени денови во пунктот за дарување крв во Клинички центар. Одѕивот на студентите во изминатите денови бил голем.

– Откако постоиме како Универзитетско студентско собрание, никогаш досега немало организирано вакви крводарителски акции, на секој кампус одделно и во секој студентски дом. Има голем одѕив. Веќе се спроведе на кампусите на Медицински, на техничките и на општествените факултети, на ПМФ и Земјоделски факултет. Акциите траеја по два дена и секој ден имаше по околу 30 луѓе кои донираа. Триесетина имаше и во домот „Пелагонија“, вчера во „Гоце Делчев“ имаше околу 50. Останува уште акцијата во студентскиот дом „Кузман“, на 9 март од 12 до 16 часот, рече Цветковска.

ЗА ПРИФАЌАЊЕ СТУДЕНТИ ОД УКРАИНА Студентското собрание УКИМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.