Во судар на два воза во близина на Чикаго, во сојузната американска држава Илиноис повредени се 48 луѓе јавува CNN. Според првичните информации нема тешко повредени.
До несреќата дошло во осум часот изутрина по локално време, кога воз на компанијата Blue Line, удрил во друг воз кој не бил во движење.
Возот кој бил удрен се движел според предвидениот распоред,додека другиот воопшто не требало да биде во движење. Полицијата не ја исклучува можноста некој да го киднапирал возот и дека затоа дошло до судар.