Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за „Пулс“: Градежните инспектори никогаш од никого не добиле барање за контрола на дискотеката

0
By Zoran Ivanov on December 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 4, 2025 11:57

Градежните инспектори не се надлежни за ентериерот, туку само за промени во габаритот и во градежната конструкција, а во „Пулс“ немало изградба, туку внатрешно преуредување, истакнаа денеска бранителите на тројцата општински градени инспектори на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Причина за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е употребата на пиротехниката, а не пропуст во градежната конструкција на објектот, кој ниту се урна, ниту му се оштети статиката. Градежните инспектори не се надлежни за ентериерот, туку само за промени во габаритот и во градежната конструкција, а во „Пулс“ немало изградба, туку внатрешно преуредување. Без писмен налог градежен инспектор не може да изврши вонреден надзор и не смее да влезе во приватен објект, оти кривично ќе одговара. Ова се, накратко, поентите од воведните зборливи на тројцата обвинети општински градежни инспектори во Кочани и на нивните адвокати, изречени на денешното, четврто рочиште од судскиот процес против 35 обвинети за пожарот од 16 март во кој загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени.

Прв се обрати адвокатот Зоран Зафировски, бранител на градежниот инспектор Огњен Георгиев, кој побара Судот да утврди застареност на кривичното дело. Според него, застареноста во случајот со неговиот клиент настанува 5 години по последното преземено дејствие, а тој услов е исполнет, затоа што 11.3.2020 година е последниот ден кога инспекторот можел да преземе службено дејствие. После оваа дата беше донесена забрана за работа на угостителските објекти и на обвинетиот му престанала службената должност.

Ова кривично дело не може да се изврши со умисла, туку како резултат на невнимание или небрежност. Тој не можел да предвиди таква последица или дека поради неговото постапување може да настапи пожар, рече Зафировски.

Тој посочи дека согласно со Законот за инспекцискиот надзор, без писмен налог не може да се изврши вонреден надзор во објект.

За сето време, градежните инспектори немаат никаков налог, ниту стигнала некаква иницијатива, претставка или известување од други инспекции кои извршиле увид. Дискотеката не е спомената во ниеден редовен годишен или месечен план за контрола. Ито така, во врска со пренамената на објектот, обвинетиот инспектор немал должност да постапува, затоа што согласно Законот за градење, пренамената е од деловен објект повторно во деловен објект, а не е пренамена од деловен во станбен или обратно, за да е потребна контрола. Нема промена на конструктивните елементи на објектот, не се одвивале градежни активности, за да постапува градежниот инспектор, а штетната последица не е од градежна активност. Вршено е уредување, сопственикот си го вршел тоа тајно, во затворен простор, рече адвокатот Зафировски.

Тој најави дека во текот на постапката ќе докажат кои се овластувањата на градежниот инспектор, кој нема надлежност да затвора објекти, ниту врши контрола на намената, а не е ниту одговорно лице за безбедност и за мерки за заштита од пожар.

Обвинетиот инспектор Георгиев во обраќањето пред судот побара Јавното обвинителство да му го врати мобилниот телефон.

Јас друг немам, а овој го плаќам целото ова време. Во него нема никакви доказни материјали, оти не сум имал никакви контакти со никој од обвинетите. Барам да ми го вратат, рече Георгиев.

Судијката Диана Груевска Илиевска му одговори дека доколку мобилниот не е во листата на докази, може да го побара од Обвинителството преку неговиот бранител.

Бранителот Јован Танчев, кој го застапува општинскиот градежен инспектор Љупчо Стаменов рече дека предлагаат како доказ да се изведе градежно вештачење, кое ќе даде одговор на повеќе прашања.

Вештачењето ќе даде одговор на повеќе факти кои вештачењето од страна на застапникот на обвинението не ги дава, особено дали има промени во конструкцијата на објектот, на конструктивните елементи. Ќе даде одговор кои институции се надлежни за контрола на противпожарна заштита, какви градежни активности се вршени во 2012 година и дали влијаеле на последиците, дали овластен градежен инспектор врши контрола на пренамена на објектите и на промена на дејноста. Дали реновирањето е градежна реконструкција, дали градежниот инспектор можел да врши контрола на пренамена од деловен во деловен објект, а според Закон може да врши контрола само доколку има пренамена од станбен во деловен објект, рече Танчев.

Тој додаде дека во тој период во Кочани има само двајца градежни инспектори, а инспекторот врши контрола и во општина Виница.

Одбраната ќе докаже дека осмообвинетиот како 63 годишен човек, без жена и деца за кои би се грижел, не можел да знае дали во тој објект имало дискотека или не, а во претходниот период со години живеел и работел во Скопје. Откако е вработен во Кочани ниту едно физичко или правно лице не поднело претставка за објектот, ниту градоначалникот барал да се врши надзор, рече бранителот.

Во однос на кривичното дело, додаде тој, истиот не може да биде сторител, не може овластен градежен инспектор со неизвршен инспекциски надзор да е причинител на оваа опасност, затоа што нема пропишани надлежности за проверка на противпожарни уреди. Обвинителниот акт, додаде, за овој обвинети е паушален, нема докази за причинско-последичната врска меѓу непостапувањето на инспекторот и настанатиот пожар.

 

Идризово пулс судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.