Деветмина обвинети за насилството во Собранието утрово треба да седнат на обвинителна клупа. Првото рочиште кое требаше да се одржи на 18.мај беше одложено.
Причината за одложувањето беше тоа што еден од обвинетите, Ангеле Зафировски не беше спроведен од куќен притвор.

Вкупно обвинети во овој случај се девет лица, а се товарат за „учество во толпа кое ќе спречи службено лице да изврши службено дејствие“, додека оштетени се 21 полицаец.

Надвор пред судот се одвива мирен протест на „Тврдокорни“ кои како што рекоа, дошле да изразат поддршка за луѓето за обвинетите.