Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за Палевски и групата – одговара одбраната

0
By Zoran Ivanov on March 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доживотна робија не ме плаши, ниту влијае на мене, пресудата е донесена на прес – конференцијата на Гаврил Бубевски (раководител на скопското обвинителство) и Оливер Спасовски (поранешен министер за внатрешни работи), рече првообвинетиот за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Доживотната робија не ме плаши, ниту влијае на мене. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал – рече Палевски кој повторно побара изземање на судијата Ивица Стефановски поради пристрасност.

Неговото барање не беше прифатено, а претходно одбраната побара пронајдената чаура до телото на Жежовски да се донесе физички во судот и да се произнесе вешто лице дали таа чаура е од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски.

Предлагам како доказ прво да се достави на физички увид на чаурата пронајдена на лице место каде што е пронајдено телото на Панче Жежовски. Во списите на предметот исто така има и вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека се работи за чаура од оружје 9мм и дека на истата се пронајдени траги и да се изврши споредба со базата на податоци која се води во МВР дали оваа чаура е испукана од оружје за кое што се поседува дозвола за поседување оружје односно дали истата е испукана од пиштолот кој го поседувал Боре Видевски – рече бранителот на Љупчо Палевси.

Ова барање е во контекст на барањето на одбраната на претходното рочиште на кое беше констатирано дека Видевски имал дозвола за пиштол „зборјовка“, кој не бил најден, а неговата сопруга во полиција предала ловечка пушка, патрони од муниција од 9 мм кои Видевски исто така ги поседувал со дозвола. За тоа судот ќе се произнесе на наредното рочиште.

На денешното рочиште не беше презентирана снимката од камерите на „Халкбанка“, овие снимки не биле прибавени, а неговата одбрана еден час не можеше да ја најде снимката која денеска требаше да ја презентираат како доказ.

Одбраната на Љупчо Палевски денеска не успеа да го изведе доказот од камерите на „Безбеден град“ што го најави на изминатото рочиште, а со кој сакаше да докаже дека Палевски ноќта 21 кон 22 ноември 2023 година бил во Скопје. Судот прифати да се прикаже снимката, но таа не беше презентирана. Адвокатите на Палевски побараа Јавното обвинителство да овозможи презентирање на видеозаписот, бидејќи не можеле да го отворат доказот.

Судот ѝ укажа на одбраната дека сите докази се доставени во списите на предметот и дека секогаш можат да направат увид и да ги видат сите цедиња и повторно да предложат презентација.

Откако Обвинителството ги презентираше вербалните и материјалните докази, сега одбраната и самите обвинети предлагаат докази. На следното рочиште, в среда, исказ треба да даде обвинетиот Велибор Манев.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

 

Палчо судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.