Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење Кежаровски: Детално од судницата

0
By Сашка Цветковска on August 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Повеќе од шест часа траеше судското рочиште за предметот „Ликвидација“ во кој помеѓу дел од обвинитетите е и новинарот Томислав Кежаровски. Во најголем дел од времето обвинителката Лиле Стефанова молчеше, односно до обвинителите кои ја изнесуваа својата одбрана пред судот најголем дел од прашањата ги поставуваше Судот, потоа одбраната, а Стефанова постави едно или две прашања.

На самиот почеток на судењето, адвокатите на одбраната посочија на, како што велат, еден од најапсурдните моменти во обвинието, бидејќи обвинителката Лиле Стефанова обвинителниот акт го подигнала по член од законот кој е избришан уште во Октомври 2011 со измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

Адвокатите на одбраната ја упатија обвинителката да си ги „поднови“ информациите за настапените измени во судската библиотека. Исто така, побараа судот да се прогласи за ненадлежен за делото, бидејќи според нив, за да има дело за организиран криминал потребно е да има најмалку еден поттикнувач и тројца со-сторители, а во овој случај имало само двајца.

По кусите препирки помеѓу одбраната и судиите, судот истапи со одлука и ги одби барања на адвокатите. Судијката Дијана Груевска-Илиевска иако констатираше дека обвинието е покренато по неважечки член од закон, сепак оцени дека тие можат да постапуваат.

-Судот не е врзан со правната кфалификација, туки со описот на дејствијата, рече судијката.

Во текот на судењето одбраната реагираште уште на низа пропусти во процедурите. За време на одбраната на првообвинитетиот Илија Танев се појавија дополнителни нејаснотии откако ниту судот ниту обвинителката не знаеја да одговорат зошто е споменат одреден предмет во обвинението ниту пак имаа копија од него како доказ, за на крај сето да се сведе на тоа дека е настаната некоја грешка која ќе се допровери.

Танев реагираше на обвиниението каде се товари дека примал поткуп за да укине притвор на обвинети, квалификувајќи го како апсурден.

-За тој предмет кој се споменува во обвинението притворот никогаш не бил укинат. Како сум примал поткуп, а не сум го укинал притворот. Можете да проверите во судот, рече Танев во својата одбрана.

По неговата изјава следеше прашање од судијата „дали некогаш помислил да го укине притворот“, по кое настана смеа во судницата.

Едно од најемотивните сведочења беше она на новинарот Томислав Кежаровски. Неговата сопруга го слушаше Томислав внатре, а нивната ќерка чекаше вести надвор, бидејќи како малолетник не и беше дозволено да влезе во судницата за да го види татко си.

– Се соочувам со неразумниот каприц на правосудните органи, а јас само ја работев својата работа. Не е потребно човек да е правник за да примени здрав разум и логика и да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши мирот и семејното спокојство, рече Кежаровски кој во неколку наврати не успеа да си ги сопре солзите.

Се пожали и на мерката притвор, иако судијата неколку пати го предупреди да не зборува за притворот бидејќи таа не била надлежна за тоа.

– Мерката притвор ќе ја окарактеризирам како крвничка. Секој ден доаѓаат луѓе во Шутка и по неколку дена ги пуштаат дома, но јас сум таму три месеци. Сега само што пуштија обвинет за убиство оти имал болки во увото. Се прашувам дали требаше да фатам пиштол во рака или нож или можеби да ја пљачкам државата за да добијам таков третман, рече новинарот.

На адвокатите на одбраната на два пати им беше забрането да му постават прашање на Кежаровски. Првото прашање гласеше „дали непосредно пред определувањето на притворот на Кежаровски му била упатена некаква непристојна понуда“, на што судијата експресно викна „се одбива, не може“. Потоа стана друг адвокат од одбраната и рече дека ќе го преформулира прашањето кое овојпат гласеше „дали сте примале закани во врска со овој случај“, на што судиите повторно нервозно одговорија дека овие и сите слични прашања не се одобруваат.

Неговиот адвокат Филип Медарски се пожали дека се уште не му бил одобрен увид во записникот, на што му се придружија и останатите адвокати кои тврдеа дека не им бил овозможен увид во сите докази. А обвинија и дека истражниот судија и обвинителката селектирано им ги дале материјалите од специјалните истражни мерки спроведени во 2009 година.

-Во многу наврати не се дадоа докази, не се даваа докази на увид, не ни се дадени ниту наредбите за посебни истражни мерки, односно следење на комуникациите за да видиме дали се спроведени законски, а еве само ќе ви кажам еден пример – најголем дел од спроведените мерки се снимки без аудио запис. Значи сама снимка кога двајца луѓе разговараат да се достави до судот како доказ без да има аудио запис за да се види содржината на разговорот дали е нешто противзаконски или не, тоа е апсурд, рече адвокатот Александар Тортевски.

Осумтемина се обвинети за неколку кривични дела, меѓу кои примање поткуп, злоупотреба на службената положба и на овластувањата, неовластено одавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите што се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица, противзаконско посредување и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали.

Судењето беше експресно закажано и тоа за време на судска ферија. Во судот и околу беше пусто, не работеше ниту бифето ниту продавницата, а немаше ни вода, поради што не работеа ниту тоалетите.

Фотографија: Нова Македонија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.