Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за „Маѓар Телеком“ ќе трае до 2015 година

0
By Нова ТВ on August 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Планот за судењето на тројцата менаџери на унгарскиот Маѓар Телеком, објавен од Јужниот окружен суд во Њујорк, предвидува започнување на процесот на 1 октомври, додека изнесувањето на доказите да трае до 31 јануари 2015 година.

Експертските мислења и извештаи ќе може да се изнесуваат до крајот на мај 2015 година.
Судијата Ричард Саливан, кој го води процесот против менаџерите Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи реши процесот да се води пред порота.

Претходно беше одбиена и втората жалба на адвокатите на тројцата обвинети, кои со судска процедура на поднесување жалба за текот на судењето, сакаа повторно да го избегнат процесот.

Според судијата Саливан, во случајот на македонскиот Телеком, тројцата унгарски менаџери се обвинети дека се обиделе да ги измамат и американските власти, и поради тоа останува првичната одлука на судот дека е надлежен да продолжи со процесот.

– Обвинетите во случајот против Штрауб и другите, организирале коруптивна шема насочена кон македонската Влада и притоа потпишале лажно наведувачки документи пред ревизорите на нивната компанија, како и лажни поднесоци до американската Комисија за хартии од вредност, пишува во меморандумот подготвен од судијата Саливан во понеделникот.

Штрауб Балог и Морваи се обвинети дека во 2005 година им дале мито на политичари од Владата на Република Македонија, за да го попречат отворањето на македонскиот телекомуникациски пазар за конкуренција, со што се обезбедила доминантната положба на Македонски Телекомуникации и екстра профит на компанијата преку повисоки цени.

Случајот се води во САД поради тоа што Маѓар Телеком котира на њујоршката берза и мора да поднесе извештај до американската Комисија за хартии од вредност, при што секое криминално дејство може да се смета како обид за мамење и на американските инвеститори во компанијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.