Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судиите на хартија оценети со 4, а во пракса правдата е селективна

0
By Соња Петрушевска on May 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет го достави Извештајот за работата на судиите до Собранието. Во време кога првиот човек на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска јавно укажа дека „законите не важат подеднакво за граѓаните и за избраните функционери“, а министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наведе дека судиите не одредуваат притвор за тешки кривични дела,  Судскиот совет ги оцени судиите со 4.

Со вонредното оценување се опфатени 34 судии од кои 32 биле оценети со „многу добар“, а само двајца со „добар“. Меѓу оценуваните судии се и кандидати за претседатели на Апелациониот суд во Скопје и на Основниот суд во Дебар и судии во Врховен и во Апелација Скопје. Постапките за разрешувања и за утврдување на одговорност кај судиите се уште „се во тек“ – напишале членовите на Судскиот совет во Извештајот.

Бавната реакција на надлежните го испровоцира и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој јавно побара да нема амнестија за судиите. Тој напомена дека судиите се заштитени, иако многу нивни одлуки се нелогични, посебно со неодредувањето на притвор за тешки кривични дела.

„Не може МВР да апси наутро, а навечер да ги гледаме во домашен притвор или со мерки за обезбедување, но не и со притвор за тешки кривични дела, за коишто треба да има притвор. И тука се покажува дека постојат некои други критериуми, врз основа на кои се носат одлуките. Јас не можам да верувам како не се одредува притвор за луѓе со тежок криминал, а се одредува притвор на обични граѓани за многу помали кривични дела. И јас сум за тоа да не се користи мерката притвор како што беше порано, но тоа треба да биде унифицирано. Ако граѓаните добиваат притвор, зошто еден поранешен градоначалник да не може да добие притвор, кажа Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Спасовски смета дека треба да има постапки и за судиите кај кои ќе биде утврдена одговорност.

„Претходниот режим го инсталираше ова судство и јас имам сериозни индиции дека тој режим ги користи сите алатки кои му стојат на располагање во судството кое ги носи одлуките“, кажа Спасовски.

Како примери, Спасовски го наведува примерот со Сашо Мијалков кому неколкупати му беше одреден притвор, но исто толку пати потоа беше и ослободен и примерот со поранешниот градоначаланик на Карпош кому не му беше одреден притвор од здравствени причини.

Од Судот не сакаа да ја коментираат изјавата на Спасовски и најавија дека наредниве денови ќе објават нивна анализа за тоа колку притвори се одредени и за какви кривични дела.

Реакции во јавноста предизвика и последната одлука на Судскиот совет за управниот судија кој е осомничен за злоупотреба на службената положба во врска со денационализација на имот кај струшкото крајбрежје, а кому му беше одземен имунитетот, но не му беше одреден притвор. На ова реагираше шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која кажа дека законите не важат подеднакво за сите и оти функционерите поради одговорност која ја имаат, треба да добијат повисоки казни од обичните граѓани, што не е случај.

Наспроти ваквите јавни критики во јавноста, но и многуте извештаи од меѓународни институции за дефектите во функционирањето на правото, Судскиот совет во својот последен Извештај оценува дека поголем број од судовите биле ажурни. Од барањата за разрешување на судии, завршена е постапката само за еден судија од Основниот суд во Охрид, кој за  „примање на поткуп“ е осуден на условна казна затвор во траење од 1 година.

За друг судија од Основниот суд Охрид постапката е во тек. Тој не ги објавувал одлуките и ги пречекорил законските рокови за изготвување на одлуките поради што постапил нестручно и несовесно. Постапка се уште се води и против судија од Основниот суд во Тетово кој по поднесено известување од ОЈО Тетово за откажување од кривично гонење против обвинетите, не донел решение за запирање, туки истата ја продолжил и донел пресуда со која обвинетиот го огласил за виновен.

Во однос на утврдувањето на одговорност кај судиите од Врховниот суд кои му го укинаа притворот на Сеад Кочан и кој потоа побегна, се уште нема одлука. Во Извештајот пишува дека овие судии Советот спроведува постапка согласно Законот за Судски совет на Република Македонија и истата е во тек.

Истата формулација „ постапката е во тек“ е наведена и за судиите на Апелации кои „постапувајќи по жалбите на СЈО, сториле повреда“.

Политичкото влијание врз судството беше потенцирано и во Извештајот на  Стејт департментот на САД за човековите права за 2018 година, кој повикувајќи се на специјалниот извештај на СЈО,  посочија четворица судии што дозволиле политиката директно да се вмеша во судството: претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, кој споделувал клучни информации за активни случаи со политичарите и функционери за судењето, поранешната претседателка на Судскиот совет, Александра Зафировска која  се консултирала со високи владини претставници за избор на политички лојални или подобни судии, судијката Софија Лаличиќ, која ги следела наредбите на УБК и сериозно го прекршила етичкиот кодекс на судиите и  судијката Светлана Костова, која истовремено работела и како судија и била вработена во УБК. За ниту еден од нив досега не е утврдена одговорност.

Без разрешница е и случајот со злоупотребата на АКМИС системот – односно прераспределувањето на предмети кај подобни судии  што беше утврдено од Извештајот што го подготви посебна комисија формирана од Министерството за правда. Обвинителството ги повика на распит дел од посочените, но одлуката за евентуално обвинение се уште нема.

Со новиот Закон ќе можат да бидат разрешени и членовите на Судскиот совет

Со новиот Закон  за судови и злоупотребата на АКМИС-от ќе биде основа за разрешување на претседатели на судови.

„Обврската на Владата е да предложи законски решенија кои ќе гарантираат стабилен судски систем кој ќе гарантира независност на судиите во одлучувањето но и одговорност.

Во Законот за судови е ставена основа за разрешувања, ако се распределуваат предмети надвор од АКМИС системот ќе биде основа за разрешување на Претседателот на Судот, има одредби за политички одлуки, за судир на интереси, испитување на имотна состојба“, кажа министерката за правда Рената Дескоска.

Но освен што се вметнати нови одредби за разрешување судии, со новиот закон за Судски совет се предлага и можност за разрешување на членовите на Советот, што досега не беше можно.

„Независно дали си ја вршеа работата или не, немаше можност да се побара од нив одговорност. А сега има можност за разрешување, а потоа и за кривична одговорност. Но треба да се нагласи и дека целиот товар на спроведување на судските реформи останува кај членовите на Судскиот совет да ги спроведат овие нови закони“, кажа Дескоска.

Законите за Судови и за Судски совет беа усвоени во Собранието, но поради одбивањето на Иванов да ги потпише, овие закони треба повторно да се гласаат –  дали правото ќе профункционира со објективни судски одлуки без привилегирани граѓани, ќе зависи од нивното спроведување.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.