НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судијата чија лустрација ја договораше Милошоски ја дочека правдата од Стразбур

0
By Соња Петрушевска on June 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судијата Драги Билески од Кичево кој беше лустриран во 2010 година, по девет години ја дочека правдата од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

За случајот Билески, постапка се води и во СЈО против пратеникот Антонио Милошоски кој во една од објавените „бомби“ се слуша како  го известува  тогашниот претседател на Комисијата за верификација на фактите Томе Аџиев дека нашол лице кое ќе поднесе претставка за судијата, а Аџиев ветува дека ќе заврши работа.

Европскиот суд за човекови права во пресудата што ја објави денеска утврди серија неправилности и незаконитости кои му ги прекршиле човековите права на судијата кога бил прогласен за соработник на тајната полиција.

Судот во Стразбур утврди дека Билески „не бил вклучен во постапката пред Комисијата и според тоа не можел да презентира аргументи во својата одбрана“.

Билески бил лустриран иако не бил во архивите на УБК

Судот во Стразбур утврдил дека македонските судови „не ги сослушале предложените сведоци и не објасниле зошто нивното испитување не придонело за утврдување на фактите оспорени од жалителот“, туку „Управниот суд ги потврди фактите утврдени од Комисијата, потпирајќи се единствено врз документите против Билески“.

Билески предложил судовите да слушнат усни докази од П.К., кој признал дека е автор на некои досиеја од безбедносната служба на што Комисијата ги потпирала своите тврдења. Исто така, Билески побарал судот да го испита В. П., универзитетски професор и поранешен разузнавач, како експерт. Комисијата, вели Судот за човекови права, не ги зела предвид „спротивставените докази содржани во писмената изјава на П.К.“ и „Вишиот управен суд ги потврди овие наоди, сметајќи дека “извештаите подготвени од лица [во такви институции] треба да се сметаат за факти”.

Сепак, Судот за човекови права забележува дека документите употребени против Билески не биле од архивите на разузнавачката служба, која ја наследила поранешната ДБК, чиишто агенти се автори на овие досиеја . И уште поважно за Судот е што П.К. кој е авторот што обезбедил информации за трети лица, јасно изјавил дека ги изготвил записите “според неговото толкување” и дека тие “… [не] биле вистинити”.

Според Стразбур, македонските судови не можеле да донесат одлука без да ја земат предвид ваквата изјава на сведокот П.К., кој не бил ни повикан лично да сведочи. Истото се однесува и на барањето на Билески да сведочи професорот В.П. како експерт. „ Аргументите на Владата дека не било неопходно за властите да ги достават доказите од жалителот, не можат да го покријат тој недостаток“, констатира Судот од Стразбур.

Судот за човекови права, исто така, констатира дека немало ниту усна расправа на која Билески би ги образложи неговите аргументи, иако тој тоа го барал. Судот смета дека сите факти би можеле поефикасно да се соочат усно, отколку писмено.

На крајот, Судот смета тоа што не биле земени предвид аргументите на Билески дека наводната соработка не е во согласност со квалитативните критериуми наведени во Законот за лустрација од 2012 година, влијаеле врз крајниот исход на случајот.

Адвокатот на судијата Билески, Владимир Доневски за НОВА кажа дека со ваквата пресуда од Стразбург конечно правдата е задоволена.

„Ние баравме одлуката на Управниот суд, а која беше донесена врз основа на Комисијата за верификација на факти да се поништи затоа што немаше правично судење и тоа е во целост уважено од Судот, Констатира неправилности во постапките, во правичноста на судење и одредува и надомест. Ова е комплетна правна победа во овој случај.

Пред македонските судови ова значи дека треба да се повтори постапката која се водела по одлуката на Комисијата за верификација на факти дека Билески е соработник на службите“ кажа адвокатот Доневски за НОВА.

Судијата Билески беше лустриран по 30 години стаж како судија, само една година пред да се пензионира.  Неговиот адвокат вели дека поради голем стрес, во меѓувреме починала сопругата на Билески.

Драган Билески беше единствен актуелен судија, лустриран додека беше на функцијата.  Кога одекнаа бомбите тој за НОВА го коментираше разговорот меѓу Милошоски и Аџиев каде тие ја договараат неговата лустрација.

 

– Немам зборови. Не можам да сфатам од каде толку злоба во млад човек како што е Милошоски кон мене. Тој е генерација со ќерка ми, заедно учеа. Ниту сум имал било какви контакти со него ниту расправии. Напротив, ако гледам наназад, ќе се сетам дека татко му пред повеќе години имаше поднесено тужба за имот против свои роднини, тужбата беше основана и јас ја усвоив- рече Билески за НОВА.

Лустрираниот судија Билески за НОВА: Од каде толку злоба во Милошоски кон мене?

За нарачаната лустрација на кичевскиот судија, СЈО  отвори предмет „Моќник“ против Антонио Милошоски и уште 12 лица.  Томе Аџиев делото го сторил под влијание на пратеникот Милошоски кој сакал да му се одмазди на Билевски, пишува во истрагата на СЈО отворена во март минатата година.

Освен Милошоски, со истрагата се опфатени и неговиот татко и екс градоначалникот на Македонски брод. Според обвинителството со измама во 2011 година успеале да ја продадат зградата на општина Пласница, купувач бил таткото на Милошоски а со помош на градоначалникот на Македонски брод. Кога градоначалникот на Пласница реагирал го предизвикал револтот кај пратеникот, кој сакал да се реваншира и на судијата Билевски за кој сметал дека му помага, за што постои и објавен телефонски разговор.

Од СЈО за НОВА изјавија дека предметот се уште е во истрага. Вчера Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева кажа дека СЈО во овој период нема да поднесува обвиненија, се додека останува можноста од Врховниот суд да ги поништи.

Македонија меѓу земјите со најмногу тужби до ЕСЧП

Европскиот суд за човекови права бара на судијата да му се исплати и оштета од 2.700 евра.

Во 2018 година државата исплатила повеќе од 124.000 евра за оштета по пресуди од Европскиот суд за човекови права, но тоа е помалата штета – многу поголема штета е  што државата и натаму е на листата со најголем број на апликации поднесени до Судот. Ова само по себе значи дека граѓаните не можат да ги оставарат своите права во матичната држава и мораат правдата да ја бараат во судот во Сразбуур.

Во 2018 година до Европскиот суд за човекови права биле поднесени вкупно 370 апликации, од нив дури 234 се однесуваат за „судската пракса“. Но ако изминатите години најголем бил бројот на жалби околу приворот и должината на притворот, сега жалбите се однесуваат на друг спектар – слобода на говор, слобода на движење, полициска злоупотреба.

„Загрижува фактот што најголем број апликации се однесуваат на правни прашања кои веќе се одговорени во судската пракса, или со други зборови укажува на тоа дека иако имаме стандарди од Европскиот суд за човекови права, тие не биле почитувани“, кажа Даница Џонова, директор на Бирото за застапување на државава пред ЕСЧП.

Џонова пред Анкетната комисија за почитување на слободите и правата во Собранието презентираше и неколку примери за кои веќе биле донесени пресуди од Европскиот суд за човекови права во 2018 година.

Во 2018 година за првпат државава добила пресуда за слобода на движење. Во пресудата во случајот Љатифи против Македонија, Судот првпат во предмет против државата разгледувал жалбени наводи што се однесуваа на слобода на движење, констатирајќи дека таа неосновано е протерана  од државата, иако имала статус на бегалец. Во слуачјот на Јани Макрадули за судскиот процес кој против него водеше поранешниот директор на УБК, Судот во Стразбург утврдил дека не била почитувана слободата на говорот, а во тужбите што во ги поднесел четири верски заедници, Судот утврдил дека тие незаконски биле одбиени да се регистрираат.

Џонова очекува бројот на претставки до Европскиот суд за човекови права да се зголеми, а со тоа и висната на оштета која ќе треба да ја плати државата за кршење на човековите права. Таа повикува на мобилизиација на повеќе институции за да се спроведат барањата од европскиот Суд. Пред се да се воспостави цивилна контрола врз работата на полицијата и да се усвојат зимени на Кривичниот законик со прецизни одредби за притворот и условите во истражните затвори.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.