Бесим Небиу: Се работи за политички проценки и стратешки позиционирања во пресрет на локалните избори. ДУИ има проценето дека во услови кога ВМРО-ДПМНЕ е толку доминантна во однос на СДСМ според рејтингот, а СДСМ се дистанцира од било каква соработка со ДУИ, додека односот меѓу двете опции во албанскиот блок е врамнотежен, како што е случајот во моментов – гласовите на етничките македонци ќе бидат пресудни во средините каде Албанците се мнозинство, како што се Тетово, Гостивар, Струга, Чаир, итн. Победата во овие 3-4 општини ги одредува перцепциите за победник и губитник во албанскиот блок. Во ваква ситуација, ДУИ сама и без коалиционен потенцијал соочена против ВЛЕН подржана од ВМРО-ДПМНЕ, може да се соочи со многу тежок и деморализирачки пораз. Линк
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.