Околу 60 луѓе се повредени, пет критично, по судирот меѓу два патнички воза во близина на Њујорк, јавува Би-Би-Си.
Околу 250 луѓе беа во возовите каде се случи синоќешната несреќа, во која нема пријавено жртви.
Официјалните лица изјавиле дека возот кој ја напуштил Гранд Централната станица во Њујорј, на пат кон Њу Хевн, Конектикат, излетал од шините и тогаш бил погоден од друг воз.
Амтрак го прекина возењето помеѓу Њујорк и Бостон.