Полицијата во Хонг Конг со солзавец денеска ги расчистува улиците кои се блокирани од десетици илјадници демонстранти кои протестираат во кинескиот владин регион. Тамошните весници јавуваат за десетици повредени полицајци и демонстранти.
Во текот на изминатите денови беа упасени 80 лица кои се дел од протестите кои бараат поголема демократија и реформи таа насока во Хонг Конг, како и изборни реформи кои ќе оневозможат Кина и понатаму да се меша изборот на лидер на поранешната британска колонија.
Градоначалникот на Хонг Конг, Леунг Чун јинг ги нарече протестите нелегални и ги повика граѓаните да не им се придружуваат.