Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судири во Атина пред зградата на поранешната државна телевизија

0
By Нова ТВ on November 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалните сили на грчката полиција се судриле со демонстрантите во саботата навечер пред зградата на поранешната државна телевизија ЕРТ во предградието на Атина, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.

Полицијата морала да употреби солзавец за да и одврати поранешните вработени во државната радио-телевизија ЕРТ да влезат во зградата на радиото, од каде што беа евакуирани ноќта кон четвртокот, а при обидот на група луѓе да навлезат во објектот избиле мали судири.

Најбројни биле приврзаници на главната опозициска партија коалицијата на радикалната левица Сириза и на малата популистичка партија Независни Грци, кој сакале да го пробија полицискиот кордон кој е поставен од 7. ноември пред зградата на ЕРТ.

Претходно во саботата навечер во текот на парламентарната расправа по предлогот за гласање недоверба на владата на Антонис Самарас што во четвртокот го поднесе Сириза, лидерот на опозицијата Алексис Ципрас од парламентарната говорница ја обвини полицијата дека ги растерала пратениците на Сириза кои сакале да влезат во просториите на ЕРТ.

Притоа биле повредени тројца пратеници, меѓу кои и Зоја Константопулу. Тие веќе трет ден се обидуваат да се пробијат во зградата на ЕРТ, но полицијата ги спречува во намерата.

Министерот за јавен ред, Димитрис Стаматис, ги негираше обвиненијата.

-Според нашите информации, немало никаков напад врз пратениците. Тоа што се случи, беше насилен обид за влез на пратениците заедно со група поранешни вработени во зградата на ЕРТ. Ние нема да дозволиме повторни да биде окупирана зградата на радиото. Тоа е државен имот, рекол министерот.

Според атинските медиуми, избиле и помали судири меѓу отпуштените вработени од поранешната ЕРТи техничкиот персонал на новата јавна телевизија ДТ кои полицијата се обидела да ги внесе во зградата на радиото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.