Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот бара одземање на пасошот на Субрата

0
By Нова ТВ on August 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сахара Груп вчера се обрати пред Врховниот суд во Индија велејќи дека нивните шеф Субрата Рој не е одговорен за рефундирање на трите милијарди долари долг кон инвеститорите, спротиставувајќи се на аргументите на регулаторот СЕБИ кој бараше неговиот пасош да биде привремено одземен, пренесува „Тајмс оф Индија“.

-Не тврдам дека тој не е главен во Сахара Груп, но тоа не значи дека е и одговорен, изјави неговиот адвокат пред судот.

Регулаторот, пак, изјави дека сите пари кои се собрани од инвеститорите преку компанијата Сахара Индија Реал Естат биле префрлени во фирмите сестри на Сахара Груп и дека Рој е одговорен.

-Рој постојано бараше средби со претседатело на СЕБИ и комуницираше со СЕБИ по ова прашање многу пати. Тој не може сега да вели дека нема никаква врска со компаниите, изјави адвокатот на СЕБИ.

-Директорите и промоторите на компаниите треба да добијат максимална казна затвор. Тие не треба да бидат сослушани се додека трите милијарди долари долг не бидат депонирани во СЕБИ. Треба да се овозможи тие да бидат присутни во судот и нивните пасоши привремено да бидам одземени од страна на судот, додаде адвокатот.

Минатиот август судот и наложи на Сахара Груп да им ги врати парите на измамените инвеститори со 15 проценти камата. За тоа добија рок од три месеци. Сахара Груп врати само една петтина од долгот, а Сахара Груп должи уште три милијарди. Потоа СЕБИ побара од судот замрзнување на имотот на Субрата Рој и директорите од Сахара Груп, како и сметките на фирмата. Тој должи три милијарди долари.

Во меѓувреме, додека трае судската драма и се бара одемање на пасошот на Субрата за да се обезбеди негово присуство на суд, синовите на индискиот тајкун добија државјанство во Македонија по итна постапка во Владата како заслужни граѓани.

Субрата Рој најави големи инвестиции во Македонија, а целиот државен врв во неколку наврати го шеташе и гостеше во земјава. Вицепремиерот Зоран Ставревски пред неколку месеци изјави дека не е загрижен поради процесите против Субрата за измама на граѓани во Индија, затоа што, според него, тоа била друга држава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.