Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на колумнистот Никола Гелевски

0
By Нова ТВ on November 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот суд за човекови права, во септември 2020 донесе пресуда со која ѝ се наложува на Република Северна Македонија да му исплати надомест за штета во висина од 3000 евра на Никола Гелевски, поради повредено право на слобода на изразување.

Пресудата од Стразбур е поради повредено право на слобода на изразување на Гелевски. Ова уставно загарантирано право на Гелевски му го повредиле првостепениот, Апелациониот суд, но и Уставниот суд, бидејќи и таму поднел претставка против пресудите против него, а по тужба за клевета од тогашниот бизнисмен и новинар Драган Павловиќ-Латас.

Судскиот процес траеше околу една година, а Павловиќ, пред македонските судови, во време на груевизмот, ја доби приватната тужба за навреда и клевета против некогашниот колумнист на „Утрински весник“, Никола Гелевски.

Откако пресудата против Гелевски ја потврдија Апелациониот и Уставниот суд, Гелевски поднесе тужба до Судот за човекови права во Стразбур, кој пресуди во негова корист. Во образложението на пресудата се наведува дека „Владата признала дека имало мешање во слободата на изразување на жалителот“.

Во овој процес пред ЕСЧП, аргументите на застапниците на државата биле дека мешањето било законско и служело на легитимна цел, односно заштита на угледот на другите, и барале Судот да не ги прифати како доказ колумните на Гелевски. Но сепак, во образложението на пресудата на Судот за човекови права, меѓу другото, се вели „Судот забележува дека
жалителот (Никола Гелевски) бил редовен колумнист во дневен весник. Затоа мешањето мора да се испита во контекст на суштинската улога на слободата на медиумите во обезбедувањето на правилно функционирање на демократското општество“.

Исто така, во врска со јазикот што го користел Гелевски, Судот повторува дека „на поединци, а особено на новинари, кои учествуваат во јавна дебата за прашање од општ интерес, им е
дозволено да применат одреден степен на претерување или провокација“. На крај, Судот смета дека „кривичната пресуда изречена на Гелевски несомнено може да има застрашувачки ефект врз медиумите во политичката дебата за прашања од важност“.

Контекстот на спорот и конкретниот „инкриминиран“ текст на Гелевски, напишан како реакција на тепањето на студентите кои протестираа против изградба на црква на скопскиот
плоштад на 28 март 2009 година можете да го прочитате тука.

Фото:призма.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.