Одлична вест доаѓа за граѓаните во нашата земја затоа што судската такса се намалува и до дури 8 пати, па сега оние на кои не им беше пресудено во нивна корист можат да поднесат тужба и да се жалат и на тој начин да дојдат до својата правда, нешто што претходно беше прескапо па луѓето не се осудуваа да покренат постапка,
„Не одам по судови, ќе си платам колку треба, ѓавол и пол ќе ме чини ако се жалам“, се жалеа луѓето кои беа финансиски немоќни пред високите судски такси кои чинеа и до 48.000 денари, за разлика од сега кога највисоката судска такса, за највисоката вредност во судските спорови ќе биде 6.000 денари, пишува сдк.мк.
На пример, ако некој ни должи 15.000 илјади евра, почнуваме парнична постапка во граѓански суд. Судската такса е 2 отсто од вредноста на спорот. По старата такса, требаше да платиме 18.600 денари судска такса. По новата, ќе платиме само 6.000 денари.
Денеска министерот за правда Бојан Маричиќ низ повеќе пресметки и примери, го означи почетокот на важење на новиот закон за судски такси, со кој граѓаните конечно добиваат големо намалување на трошоците кои ги имаат во судовите.
„Судските такси се значително намалени. Ако во минатото тие можеа да изнесуваат и до 48.000 денари, сега нема да платите повеќе од 6.000. Трошоците за судските такси во првостепена постапка ќе се движат од 480 до најмногу 6.000 денари, во зависност од вредноста на спорот, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција.
Според Маричиќ, судските такси беа високи, а луѓето на кои им беше потребна правда, многу пати се откажуваа да ја бараат во судниците.