Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да изрече повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска

0
By Marija Todorovska on April 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот Совет го објави наодот на работната група во врска со предметот против Менсур Пајазити, кој беше осуден на две години затвор за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска. Работната група потврди дека судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока казна поради членот 428 од Законот за кривична постапка, кој забранува менување на пресудата на полошо ако жалбата е изјавена само во корист на обвинетиот.

Согласно член 428 од ЗКП, ако е изјавена жалба само во корист на обвинетиот пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција, стои во соопштението од Судски Совет.

Како поткрепа на заклучокот од увидот во предметот, Советот наведува хронолошки преглед на постапувањето на судовите според кој, најпрво Основното Јавно обвинителство Тетово поднесе обвинителен предлог за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, за кое е предвидена казна затвор од една до пет години. Основниот суд Тетово донесе пресуда со казна затвор од три години и шест месеци. Обвинетиот поднесе жалба, а Апелациониот суд Гостивар ја уважи делумно, намалувајќи ја казната на две години. Врховниот суд ја укина пресудата и предметот се врати на повторно судење. По признавање на вина, Основниот суд Тетово повторно го осуди обвинетиот на две години затвор.

Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен суд Тетово денеска, исто така, излезе со соопштение во кое детално ја објаснува досегашната судска постапка поврзана со загинувањето на младата Теодора Ристовска, почнувајќи од првото судење, одлуката на Апелација и Врховниот суд па сè до последното судење во кое е изречена казна затвор во траење од две години за обвинетиот Енвер Пајазити. Според нив, судија Ељведин Ферати, кој ја донесе пресудата во повтореното судење, а и судијката Верка Костовска која го судеше првото судење, а која во меѓувреме замина во пензија, постапиле исклучиво согласно пропишаните законски норми.

Формираната група доаѓа откако пресудата предизвика силни реакции за целиот процес и премногу „благата“ казна.  Премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет побара и министерот за правда Игор Филков, кој ја коментираше пресудата, истакнувајќи дека довербата на граѓаните во судството е многу ниска.

Семејството на Теодора реагираше на висината на казната и долгото траење на целата постапка. Тие денеска преку отворено писмо упатија благодарност за поддршката од јавноста, медиумите и премиерот и изразија надеж дека ќе има реакција од Судскиот Совет, по изречената казна од две години затвор за возачот во сообраќајката во која нивната ќерка и сестра го загуби животот во 2022 година.

Искрено се надеваме дека Судскиот Совет ќе изреагира адекватно во врска со скандалозната и срамна одлука на судијата од Тетово, Ељведин Ферати и имаме сомнеж како семејство дека позади оваа пресуда стојат политика, мито и корупција. Ние силно и натаму ќе се бориме за правда за Теодора, велат во писмото од семејството Ристовски.

Судијата Ељведин Ферати, дополнително беше критикуван во јавноста и поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврдил неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство од каде што последните информации се дека утврдиле дека тој ги преполагал предметите.                                 

евљедин ферати Судски совет теодора Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.