Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет отвори постапка против поранешниот претседател на Судот Панчевски

0
By Соња Петрушевска on June 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судксиот совет, по предлог на еден член од Советот, донел одлука да се отвори постапка за да се утврди дали има одговорност кај екс претседателот на Судот Владимир Панчевски, а во врска со злоупотребите на АКМИС – системот.

Според процедурата, Судскиот совет формирал комисија на известители која треба да собере докази и врз основа на тоа да достави Извештај дали имало несовесно и незаконско работење од страна на Панчевски.

Панчевски беше претседател на Кривичниот суд во период кога според Извештајот што го подготви независната комисија на Министерството за правда биле утврдени злоупотреби на АКМИС-от односно наместо електронски, предметите се делеле на судии на рака.

Освен во Кривичниот суд, оваа комисија утврди и злоупотреби на АКМИС – системот и во Врховниот суд но против претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Извештајот на оваа комисија покажа дека 860 предмети не биле внесени во АКМИС-системот и за нив не бил одреден судија.

Конкретни предмети од еден судија се давале да ги работи друг судија, а честите промени во годишниот распоред значеле и ограничување кој судија ќе биде вклучен во автоматската распределба. Судии биле вадени од АКМИС по разни основи, само со параф на претседателот на судот.

Судиска солидарност или отсуство на политичка волја: Зошто нема одговорност за судиите

Вангеловски, заедно со поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, беа повикани на распит во Јавното обвинителство за рачната распределба на предмети во Кривичниот и Врховниот суд, но една ипол година подоцна скандалот со АКМИС-системот е во предистрага и двајцата уште немаат статус на осомничени, бидејќи Обвинителството уште не отворило истрага.

Претседателот на Судскиот Совет Киро Здравев денеска пред почетокот на седницата рече дека за Вангеловски, против кого е отворена постапка пред Советот пред повеќе од една година,  ќе се одлучува кога „комисијата ќе оцени и ќе го предаде Извештајот до Судскиот совет“. За Вангеловски и за уште двајца судии на Врховниот суд се води постапка за да се утврди дали имало одговорност кај нив кога одлучиле да го ослободат од притвор бизнисменот Сеад Кочан.

Министерката за правда Рената Дескоска вчера изјави дека никој не го штити Јово Вангеловски и дека Судскиот совет со новиот Закон сега има поголеми овластувања во утврдувањето на одговорност и разрешувања на судиите. Со новиот Закон за Судкси совет- соевтот може да покрене и постапка за разрешувања и на Претседател на Судот – ако се утврдат злоупотреби на АКМИС – системот.

„Ако мислите на извршната власт, не мислам дека има некој таков што би го штител (претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски). Во Судскиот совет се води постапка за негово разрешување. Очекувам дека, и затоа е мојот апел, и судскиот совет да биде свесен за својата улога. Реформата можеме да ја направиме со предлагање на европски закони кои се пофалени од сите, но имплементацијата е на органите за кои ги носиме тие закони. Судскиот совет нема причина да бега од спроведување на законот, а сега веќе нема ни право, со сè што им е потпишано како јасни и прецизни основи и со воведување на принципот на одговорност и на самиот Судски совет“, рече Дескоска.

Новиот претседател на Судскиот совет денеска кажа дека Советот ја следи работата на сите судии и ако некој се огреши од Законот, ќе се покрене постапка.

Тој одговори и на критиките упатени од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи која во интервју за 1ТВ побара смените да почнат токму од Вангеловски кој во  неколку извештаи е наведен како кочничар на правдата .

„Ние одлучуваме по конкретно барање, неопходно е да се поднесе писмено барање со образложание за конкретен судија. Секој може да поднесе барање за утврдување на одговрност на судија, барањето треба да биде образложено, во него мора да биде наведено име и презиме на судијата, во кој суд работи да се даде опис на повредата, да се даде правниот основ на повредата и по поднесеното барање Советот формира комисија којашто го цени барањето од аспект на навременост и дозволеност.  Такво барање може да поднесе и член на Судскиот совет, ако дојде по допрен глас и се соберат докази“, кажа денеска  Здравев.

И покрај многуте извештаи во кои судии со имиња и презимиња беа посочени како одговорни за состојбите во судството, досега ниту еден судија не понесе одговорност.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.