Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Султана: Со што да владеат ако ништо нема?

0
By Zoran Ivanov on March 30, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 30, 2026 12:00

Методите на владеење на секој режим, повеќе или помалку, се слични или идентични. Разликата ја прави начинот на кој опозицијата му се спротивставува на режимот и прашањето колку е таа спремна да му излези на мегдан.

Зоран Милошески

Десетиците видео записи од вчерашниот изборен ден кај нашиот северен сосед, не се само сведоштва за бескрупулозноста на однародениот режим, туку и потсетник дека голем дел од вината за случувањата лежи и во опозицијата, која со својата еднодецениска и малку повеќе разединетост директно им кумувала на состојбите во државата.

Методите на владеење на секој режим, повеќе или помалку, се слични или идентични. Разликата ја прави начинот на кој опозицијата му се спротивставува на режимот и прашањето колку е таа спремна да му излези на мегдан. Притоа, свесно жртвувајќи ги своите дневнополитички и теснопартиски интереси за повисоки цели.

И за време на груевизмот, исто како и сега, прашањето дали македонската опозиција е кадарна да се справи со забеганата власт која државата ја води во пропаст, првенствено е насочено кон СДСМ.

Ама на ова прашање му претходи едно друго облигаторно прашање поврзано со неопходноста од враќање на силно разнишаната доверба на партијата.

Постои ли во партијата систем и хиерархија, има ли доволно авторитети кои сакаат, знаат и можат да за брзо, за многу брзо, да воспостават ред, работа и дисциплина?

Оти дури и со ваква најнеспособна власт каква граѓаните не паметат, недоволно добрата внатрепартиска атмосфера континуирано го подгрева скептицизмот околу иднината и судбината на партијата. Оти во неа постојат при очи слепи и при памет незрели но амбициозни и самобендисани функционерчиња, кои својот личен интерес и по секоја цена задржување на со ништо заслужените и со ништо оправданите партиски функции, ги поставиле високо над интересите на партијата … за државата ич и да не зборуваме. Ќе им го покаже ли некој патот до резервната клупа?

Токму заради наведеното, дијалогот од култната драма на Горан Стефановски „Лет во место“ истовремено е дефиниција на болните амбиции на гореопишаните, но и црвен аларм за можната црна разврска и потенцијален исход од безумието:

Киро: „Сакаа сè да срушат. Ништо да нема. И тие да владеат“.

Султана: „Со што да владеат ако ништо нема“?

Од Фејсбук ѕидот на авторот

зоран милоески колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.