Конзервативецот Нил Периш денеска поднесе оставка од партијата откако изјави дека ќе продолжи да биде пратеник за време на истрагата.
Британскиот пратеник, кој беше суспендиран од Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон, денеска изјави дека поднел оставка откако признал дека „двапати во момент на лудило“ гледал порнографска содржина на неговиот телефон за време на седница на Долниот дом на Парламентот.
Конзервативците во петокот го суспендираа Нил Периш, откако тој сам се пријавил кај комесарот за стандарди на британскиот парламент поради каење, пренесува Ројтерс.