Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ по повод Денот на Соборноста на Украина организира свечен марш во центарот на Скопје, во сабота, на 20 јануари, од 10:30 до 13:00 часот. Маршот ќе се одвива од споменикот Александар Македонски на плоштадот Македонија па се до споменикот на Тарас Шевченко во паркот Жена Борец.
Инаку Денот на Соборноста, односно прогласување на Актот за обединување на Украинската Народна Република и Западноукраинската Народна Република во 1919 година, во Украина се одбележува секоја година на 22 јануари.