Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечено отворено 40. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола

0
By Нова ТВ on September 15, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Синоќа во Битола беше отворено 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Во преполната сала, во присуство на многубројни гости од светот на кинематографијата, се обрати и министерот за култура Хусни Исмаили, кој зборуваше за важноста на традицијата што ја негува овој фестивал во изминативе години и за значењето што успеа да го обезбеди во светски рамки.

„Низ годините, преку „Браќа Манаки“, ние сме домаќини на голем број филмски легенди, директори на фотографија, на многумина актери и уметници од другите сектори на филмот, кои од овде заминуваат со импресии од топлото македонско гостопримство, но и со нови креативни предизвици, нови провокативни прашања кои се отвораат за реализација на нови филмски приказни. Убеден сум, а тоа се потврдува и низ историјата на Фестивалот, дека професионалните средби што се случуваат овде раѓаат нова соработка за меѓународни филмски пријателства кои го носат белегот на современиот филм“, рече министерот Исмаили.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Стево Пендаровски.

Беше врачена и „Златната камера 300“ за животно дело на американскиот кинематографер Ед Лакман, кој со децении е на врвот на листата на успешните американски и светски камермани и зад себе има две номинации за Оскар за филмовите „Далеку од небесата“ и „Керол“, во режија на Тод Хејнис, со кого Лакман има најплодна и најефектна соработка, сочинувајќи го со него светски познатиот тандем: кинематографер-режисер. Во меѓувреме е снимен и третиот филм токму со Хејнис, „Јас не сум таму“. Лакман соработувал и со режисери како: Лери Кларк, Роберт Алтман, Пол Шредер, Вернер Херцог и други.

„Браќа Манаки“- репрезент на македонската филмската уметност во Европа и во светот

– Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија, годинава ја доби композиторот Љупчо Константинов за неговото повеќедецениско искуство, за неговата целосна, дури фанатична посветеност во создавање музика за многубројни театарски претстави и филмови во земјава и надвор од неа, за неговата успешна соработка со врвни уметници (актери, режисери, композитори, сценаристи…) – велат од Друштвото.

Филм за отворањето на годинешниот „Браќа Манаки“ беше новиот филм на култниот шпански режисер Педро Алмодовар, „Болка и слава“, а во Битола пристигна и кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е лауреат на „Златна камера 300“ на 34. издание на Фестивалот во 2013 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.